• Latest

По Русија и американски конгресмени ќе ја решаваат изборната криза во Македонија !

February 2, 2017

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

По Русија и американски конгресмени ќе ја решаваат изборната криза во Македонија !

February 2, 2017 17:58
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот конгресмен, републиканецот Кристофер Смит најавил истрага за улогата на американската амбасада во Македонија и го повикал новоименуваниот државен секретар Рекс Тилерсон да го разреши амбасадорот Џес Бејли, објавија денеска провладините медиуми во Македонија.

ЦИВИЛ Медиа, побара одговор од Амбасадата на САД, во врска со објавената вест, во која амбасадорот Бејли и Амбасадата во Скопје се обвинети дека работат во полза на политички партии и финансираат проекти на фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија.

„Ги поздравуваме прашањата од Конгресот и можностa да обезбедимe информации за нашите активности и контекстот во кој ние работиме за да ги оствариме нашите цели. Ние сме подготвени да одговориме на ова барање, како што од нас се бара“, се вели во одговорот на Амбасадата во САД.

Провладините медиуми ја објавија и изјавата на конгресменот Смит во која се вели дека барањето има поддршка од шест конгресмени..

„Американскиот амбасадор не смее да има улога во формирањето влада и да зазема страна при формирањето на коалиција. Тоа не е работа на САД и на нејзините претставници во Скопје. Ние, група конгресмени, поставивме специфични прашања во ова писмо, дали имало или не некаква соработка со централно левичарските партии кога изборите треба да се одржат. Не треба да имаме улога во тоа! Треба да зборуваме за слободни и фер избори, еднаков пристап до медиумите, но никако да заземаме страни. Овој амбасадор заземал страни и треба да биде отпуштен! Отпуштен веднаш!’’, изјавил Смит.

По менување на администрацијата на САД, со доаѓање на новиот американски претседател Доналд Трамп, се шпекулираше дека амбасадорите на САД на Западен Балкан, ќе бидат променети. Сепак, како што ЦИВИЛ Медиа објави, факт е дека сите актуелни дипломати на САД во земјите од Западен Балкан не се поврзани ниту со старата, ниту со новата администрација на САД. Сите овие амбасадори се именувани од Сенатот на САД кон крајот на 2014 година, а ги заземале своите позиции на почетокот на 2015 година. Бидејќи повеќето дипломати служат мандат од околу три години, редовните кадровски промени во земјите од Западен Балкан може да се очекуваат на крајот од оваа или почетокот на идната година. Тоа значи дека до крајот на 2017та година, амбасадорот Џејс Бејли, останува на позицијата амбасадор на САД во Македонија

Tags: амбасадориМакедонијаСАДСоросЦивилЏес Бејли
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ