ВЕСТ НА ДЕНОТ
По три години ОЈО поднесе обвинение за напад врз учесник на Парадата на гордоста
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 33-годишен скопјанец кој се товари за кривично дело „насилство“.
„На 29.06.2019 година, обвинетиот во група со повеќе други засега неидентификувани лица, извршиле малтретирање, грубо навредување и грубо насилство врз едно лице. Делото било сторено од омраза заради сексуалната ориентација и припадност на оштетениот кон ЛГБТ заедницата“, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Ковачевски: Лажна вест е дека скопјани ќе останат без греење, ќе има топли радијатори цела зима
„Владата одлучи најтранспарентно да одлучува за производството и набавката на електрична енергија и ги повикувам сите чинители внимателно да ги следат податоците… Лажна вест е дека Скопје нема да остане без греење, тоа не е точно, бидејќи ЕСМ пред само три дена направи договор со Макпетрол и обезбеди гас за цел декември. Исто така, топланите денеска потпишуваат договор со ЕСМ, па ЕСМ ќе го преземе и затоплувањето во Чаир и Бутел, , рече премиерот Димитар Ковачевски при посетата на Кавадарци. Т
Тој додаде дека ќе се намалува увозот на електрична енергија во иднина, бидејќи наскоро сите домашни капацитети ќе бидат вклучени. Според него, набавка на струја во ноември се случила единствено поради ремонтите во домашните капацитети, кои веќе привршуваат.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Сексуално насилство на руската армија: Силувана жена само затоа што била украинска учителка
Според регионалните воени администрации на Украина, како резултат на вооружената агресија на Русија во изминатите 24 часа, загинале пет цивили, а 21 е ранет.
Членки на НАТО: Европа мора да го зајакне своето присуство на Западен Балкан и земјите соседни со Русија за да го ограничи своето влијание и министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО да испратат пораки за поддршка на нивната независност – НАТО сака по војната во Украина, Русија повеќе да нема „никаква можност да им ги диктира безбедносните опции и начинот на живот на своите соседи.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ОБВИНИТЕЛСТВО Советот на ЈО нема кворум за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, по Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми ја повлече кандидатурата. Единствен кандидат за функцијата останува постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи.
ПРЕСУДА Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје денеска ги огласи за виновни обвинетите во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. На обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска им беше изречена казна затвор од по 18 години, додека, на обвинетиот Андреј Костовски 16 години за сторено кривично дело „убиство“.
ДЕМАНТ Министерството за одбрана и Армијата редовно обезбедуваат вода за пиење за сите вработени и тоа може да се види преку факти и бројки по обвинувањата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки дека „во касарната на Армијата нема вода за пиење“.
ГАСИФИКАЦИЈА Со заварување на последната цевка денеска официјално беа заокружени работите за изградба на магистралната гасоводна делница Неготино (Кавадарци) Битола. Делницата е во должина од 92 километра со мерни станици Индустриска зона Кавадарци, Прилеп и Битола.
AL-PRESS
Редакциски избор од албански медиуми:
Албанската Џублета под заштита на УНЕСКО, саботажа на Самитот во Тирана, пасошот на Дуа Липа во општеството на спектаклите.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Треба да имаме уво за пораките на претседателот на СР Германија Франк-Валтер Штајнамер кој вчера на прес конференцијата со претседателот Пендаровски и во неговото обраќање во Собранието ни порача: Дебатирајте со страст, но без собирање партиски поени за да ја остварите целта со далекусежни продобивки. Страста што ја препорачува Штајнмаер беше проткаена и низ неговиот јавен настап и говор на прес конференцијата со претседателот Пендаровски, како и во Собранието, колку и да е тоа необично за еден политичар и тоа германски. Таква страст, кога доаѓа од личност којашто е олицетворение на државата која е во врвот на држави стратешки партнери на нашата земја, треба да ја прифатиме не само како израз на дипломатска почит и куртоазија, туку и како искрена пријателска порака“, вели Зоран Бојаровски во денешната анализа „Треба да имаме уво за пораките на Штајнамер: Дебатирајте со страст, но без собирање партиски поени за да ја остварите целта со далекусежни продобивки“.
Б. Јордановска