• Latest

Појаснување: „Веро“ ќе обезбеди максимални услови вработените да го искористат своето право на глас

November 26, 2016

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Појаснување: „Веро“ ќе обезбеди максимални услови вработените да го искористат своето право на глас

November 26, 2016 18:43
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата „Њу момент“, во име на компанијата „Веро“, испрати соопштение до ЦИВИЛ – Центар за слобода, во вид на појаснување, по повод текстот на ЦИВИЛ Медиа – „’Веро’ ќе прави попис на денот на избори“, кој вчера предизвика големо внимание во македонската јавност. 

Соопштението го објавуваме во целост, без интервенции во текстот.

Интернет-страницата „ЦИВИЛ Медиа“ објави вест што беше пренесена и од други македонски изданија, а во врска со неа менаџментот на компанијата „Веро“ го изјавува следново:

„Како и во повеќето супермаркети во Македонија, кои што во недела, 11-ти декември, ќе работат, така и вработените во ‘Веро’  ќе ги исполнуваат своите обврски, што е практика и во сите останати викенди во текот на годината. Маркетите на ‘Веро’  нема да бидат отворени за нашите ценети купувачи, бидејќи ќе се одвива редовниот годишен попис. Нагласуваме дека одлуката за ова беше вклучена во годишниот план на компанијата уште пред неколку месеци, кога парламентарните избори воопшто не беа закажани, со цел да ја зголемиме ефикасноста во име на нашите потрошувачи.

Во таа насока целосно го отфрламе тврдењето објавено од ЦИВИЛ – Центар за слобода, дека одржувањето на пописот во ‘Веро’ на 11-ти декември е обид да се спречат вработените да излезат на гласање. Сосема спротивно, ‘Веро’ ќе ги овозможи сите услови, со цел, вработените во компанијата да можат да го искористат своето право на глас.

Без разлика што ќе се изведува попис, вработените ќе доаѓаат на смени, како што е и вообичаено. За тие што ќе сакаат да гласаат во текот на работното време, ќе има организиран превоз, а ќе постои можност и секој индивидуално да отиде до своето избирачко место.

Уште еднаш подвлекуваме дека одлуката за пописот во ‘Веро’ е донесена во рамки на годишниот бизнис-план на компанијата, неколку месеци пред изборите воопшто да бидат закажани. Истакнуваме дека вработените нема да бидат спречени, напротив, ќе се обезбедат сите услови со цел секој да го искористи своето право на глас.

Tags: „Веро“„Њу момент“изборипописсоопштение
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ