• Latest

Ќе побара ли искрена прошка Груевски?

March 13, 2016

Гаудиози: Самитот на НАТО мора да даде приоритет на координираната акција за Украина

May 21, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во мегаоперација на СПАК и италијанската анти-мафија уапсени 52 лица; Бериша се жали во САД за поразот на изборите; Албанија го отвора третото поглавје; И по 19 обид не успеа конституирањето на косовското собрание

May 21, 2025

Леконте: Иднината на безбедноста на Европа зависи од Украина

May 21, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС(М) се криви за поскапувањето на 1.500 прехранбени производи

May 21, 2025

Кривична за Милчо Манчевски и неговата „Банана филм“ – обвинителството ја почна постапката

May 21, 2025

Поранешен израелски генерал ја критикува владата за „убивање бебиња како разонода во Газа

May 21, 2025

Нов проект на Северна Македонија и ФАО, поддржан од Зелениот климатски фонд за управувањето со шумски пожари и зголемена климатска отпорност

May 21, 2025

Калас најави дека ЕУ ќе го преиспита политичкиот и економски договор со Израел по ескалацијата во Газа

May 21, 2025

Се спроведува акцијата „Бункер“ против членови на криминалната група „Беланоца-Барон“

May 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел, го повика амбасадорот и ја осуди „монструозната“ воена ескалација во Газа

May 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ќе побара ли искрена прошка Груевски?

March 13, 2016 14:34
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е Прочка – Велики Поклади или Проштени поклади, еден од најголемите христијански празници, на којшто и според традицијата, се бара прошка за грешките направени во годината што изминала.

1454656_10203766754714729_6407139190124201333_n
Пишува: Моника Талевска

Од утре пак, започнуваат долгите велигденски пости, исполнети со многу одрекувања, со тихување, со воздржување од сите гревови, не само со пост во храната, но особено, со духовно прочистување, период исполнет со многу молитви, во којшто не смее да се помисли, а не изрече, ниту една лага, невистина, погрден збор, период во којшто мислата треба да се исчисти од омраза, зло, љубомора, завист… А, доброљубието, искреноста, хуманоста,благородноста треба да бидат духовна храна за верникот, кој само така, се подготвува за причест, за Велигден, за денот кога се чествува Христовото воскресение, кога се идентификува со Исус Христос. Вистинските верници го прават тоа.

Според тоа, ќе побара ли денеска експремиерот Никола Груевски искрена прошка од своите граѓани? Ќе побара ли прошка од сите сиромашни, затоа што трошејќи ги народните пари за барокните фасади и кичерајската споменична сценографија, ги остави да гладуваат, тивко да умираат?

Ќе побара ли прошка од болните чија здравствена состојба секој ден се влошува затоа што немаат пари за здравствено лекување во приватни клиники или во странство, а не можат да се лечат во руинираниот јавен здравствен систем, без болници,опрема и кадар?

Ќе побара ли прошка од сите покојни души, кои прерано заминаа, затоа што Фондот за здравство не им ги даде потребните, нашите пари, за нивно лекување, прошка од нивните родители кои не можат да најдат утеха за болката, кои не можат да најдат мир за загубата?

Ќе побара ли прошка од сите млади, кои ги напуштија корените и заминаа во белиот свет,далеку од мирисите на својата земја, каде дополнително ќе треба да се докажуваат, за да го скршат стереотипот за Македонија – како држава на криминал и корупција?

Ќе побара ли прошка од нивните родители, зашто денеска се празни местата на нивните чеда крај трпезите, затоа што повеќе не ги слушаат саканите стапалки, затоа што вратите останаа затворени?

Ќе побара ли прошка Груевски денеска од големите револуционери,од великаните: Гоце Делчев, Питу Гули, Никола Карев…, затоа што му го одзеде сјајот на ВМРО, го засени нивното дело? Ќе побара ли прошка од своите сопартијци, затоа што ВМРО-ДПМНЕ со него на чело, го доживеа најголемиот срам, крах, удар, а корупцијата и криминалот станаа име и презиме на партијата?

grujo-tetovaza

Ќе побара ли Груевски денеска искрена прошка од сите граѓани, затоа што по 10 години владеење, наместо во европското семејство, Македонија ја фрли на коленици, парталава, сиромашна, недостоинствена, гладна, испустена?

Да, ако е верник ќе побара! Ако е верник, Груевски веќе од утре, ќе прекине со сите паради низ Македонија и ќе побара провладините телевизии, да не го следат онлајн со камерите секој негов чекор, во секое долче и ритче, во секое селце, каде една деценија имаше шанса, но не изгради водовод, канализација, патче, а не пат. Ќе прекине со лошата глума да демонстрира, колку заборавените луѓе кои живеат во сива реалност, без работа, без топлината на блиските околу себе, токму сега нему, му станаа толку мили при срцето.

Ако е верник, Груевски, од утре ќе треба да се воздржи од сите погрдни зборови, од целата омраза која во себе ја носи кон целата критичка јавност во Македонија и кон меѓународните медијатори, кои се обидуваат да помогнат да се врати демократијата, да се расчитат дилемите, дали и колку тој и неговите најблиски сопартијци, се инволвирани во криминал и корупција, во руинирање на Избирачкиот список, во уништување на нашата реалност, во кражба на нашата иднина!

Ако е верник Груевски, ќе тихува и ќе се моли на Бог, Севишниот да му ги прости грешките, да му помогне, да се врати на власт. А, притоа, без двоумење, храбро ќе се јави на следното рочиште пред Специјалното обвинителство, за да си докаже себе си првин, а потоа на другите: дека е чесен и праведен и дека не – неговите политики, туку Заев и странскиот фактор се обидуваат преку него, да и наштетат на Македонија.

Во спротивно, граѓаните (особено оние тивки, мирни верници кои сакаат да останат настрана од политика и кои се задојуваат и преку поданиците на Груевски во МПЦ, дека само со ВМРО ДПМНЕ на власт се негува верата), треба да станат свесни дека сите паради и цикруси поврзани со религијата и МПЦ, се само уште еден предизборен трик, фатаморгана, уште една алатка во валканата изборна кампања.

Па, експремиере, повелете, Вие сте на потег!

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Груевскиизбирачки списокМакедонијаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Владимиров, аналитичар, Бугарија: Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ