• Latest

Побарана конгресна истрага против Трамп за „недолично секусално однесување“

December 12, 2017

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Побарана конгресна истрага против Трамп за „недолично секусално однесување“

December 12, 2017 07:30
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Три од жените, кои лани го обвинија американскиот претседател Доналд Трамп за „недолично секусално однесување“, синоќа ги повторија своите обвинувања и побараа од Конгресот на САД да отпоче официјална истрага за нивните наводи, јави „Гласот на Америка“.

„Ако Конгресот сметаше дека треба да го истражи случајот на сенаторот Ал Франкен, мислам дека е праведно конгресмените да го имаат истиот пристап и кон Трамп“ – изјави една од трите жени Рејчел Крокс на прес-конференција.

Сенаторот Франкен поднесе оставка минатата недела по обвиненијата што против него ги изнесоа неколку жени за сексуално вознемирување.

Крокс лани го обвини Трамп дека на сила ја бакнал во 2005 година, кога работела на рецепцијата во „Трамп тауер“ во Њујорк.

Таа на прес-конференцијата беше со Саманта Холвеј, која тврди дека Трамп без покана упаднал во нејзината гардероба за време на изборот за Мис на САД во 2012 година, како и од Џесика Лидс, која го обвини американскиот претседател дека непримерно ја допирал и бакнувал додека седела до него во авион кон крајот на 70-те години на минатиот век.

Крокс, Холвеј и Лидс, заедно со уште десетина други жени, лани во текот на кампањата за претседателските избори, го обвинија Трамп за сексуално вознемирување.

Трамп досега во повеќе наврати ги отфрли ваквите обвинувања, а Белата куќа синоќа оцени дека „прашањето е затворено“ со неговата изборна победа.

„За овие лажни тврдења, кои во повеќето случаи беа оспорени со изјави на очевидци, долго се расправаше во текот на ланската кампања и американскиот народ го изнесе својот став обезбедувајќи му решавачка победа“ – соопшти Белата куќа, додавајќи дека станува збор за „политички мотивирани обвинувања“.

Обновените обвинувања против Трамп доаѓаат во време кога повеќемина политичари, уметници, новинари и бизнисмени беа обвинети за сексуално малтретирање.

 


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Доналд Трампистрагаконгреснедолично секусално однесувањесекс-скандал
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ