Поранешниот крал на Грција Константин Втори, чие деветгодишно владеење се совпадна со еден од најтурбулентните периоди во политичката историја на земјата, почина на 82-годишна возраст.
Константин Втори, единствениот син на кралот Павле и на кралицата Фредерика од Грција, стапи на тронот во 1964 година по смртта на неговиот татко, но неговото владеење беше обележано со политичка нестабилност што кулминираше со воен удар на 21 април 1967 година. Неколку месеци по државниот удар и неуспешниот обид да се спротивстави на воената хунта, кралот беше принуден да ја напушти земјата.
На референдумот што го распиша владата на национално единство по падот на хунтата во 1974 година, Грците по вторпат ја отфрлија монархијата, со што Константин Втори стана последниот крал на Грција.
Константин останал во егзил четириесет години по гласањето во корист на републиката. Тој беше силно обесхрабрен да се врати во Грција и се врати дури во февруари 1981 година, кога му се дозволи да се врати само на неколку часа, за да присуствува на погребот на неговата мајка, кралицата Фредерика.
Иако официјална Атина му го одзеде државјанството на Константин, сепак во 2002 година кралското семејство беше обештетено со 13,7 милиони евра за поранешниот имот во Грција.
Константин има пет деца со сопругата Ана-Марија