• Latest

Подготвени ли сме за првиот чекор?

August 27, 2018

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Подготвени ли сме за првиот чекор?

August 27, 2018 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве не можеш да седнеш со некого на маса а да не се постави прашањето за претстојниот референдум како тема со десетици потпрашања и можни разврски. Од тоа дали ќе има доволна излезност, дали ќе има масовен тивок бојкот, каква ќе биде кампањата, каков ќе биде резултатот, дали воопшто ќе се земе предвид резултатот, до тоа што после референдумот. 

Јасмин Реџепи

Постојат различни мислења, ставови и прогнози. Некои се скептични а други оптимистички, додека реалноста е секогаш помеѓу.

Се потсетив скоро на еден цитат кој бил напишан пред педесет години, каде се вели: “Секој народ, пред да бил повикан да ја изврши својата улога во историјата, морал да доживее период на внатрешно прочистување и на практично прифаќање на некои темелни морални ставови.”

И еве сме сега ние пред таа историска одлука, втор пат во историјата прашани за едно така битно прашање за нашата земја, каде треба емоциите да протекнат од разумот, а не да го потиснат. Дали 27те години политичка и безбедносна нестабилност, економско уназадување, транзиција, корупција, меѓуетнички тензии, дискриминации и непочитување на човекови права, 11-те години режим и што сè не, се доволен период да сфатиме што не сакаме и каде сакаме нашата земја да се насочи во иднина? Дали за 27 години сме ја научиле лекцијата? Дали резултатите на локалните избори се некаков показател за тоа што да очекуваме на претстојниот референдум? Дали сме му дораснати на ова прашање?

Доколку не сме созреале доволно и не го направиме вистинскиот исчекор кон евроатлантските интеграции, тогаш треба да ни биде јасно дека е прашање дали воопшто ќе ја доживееме следната прилика за поправен испит на ова прашање.

Затоа, да не бидеме од оние 97 проценти неинформирани граѓани кои би излегле да одлучуваат водени од емоциите како последица на говорите на политичарите или водени по налог на политичките партии на кои им припаѓаат. Ова прашање е премногу големо за да биде партиско. Ова прашање е премногу големо за да слушаме туѓи мислења без да се информираме самите, без да го прочитаме преспанскиот договор и без да ја сфатиме суштината на референдумското прашање. Ова е прашање од национален интерес кое ќе им ја одреди иднината на нашите деца. А иднината на нашите деца не е ништо друго освен економскиот и образовен просперитет и рамноправноста со другите народи во ЕУ, и безбедноста во рамките на НАТО.

Иако времето за кампањата е кратко, а европските вредности се градат постепено, темелно и долго, а не се стекнуваат за едно лето, она што е најважно во моментот е првиот чекор кој ќе ја покаже страната, правецот кон кој државата и граѓаните ќе продолжат да се движат.

И секако, на крајот на септември, и да одлучиме исправно, промените нема да дојдат преку ноќ, зашто не постојат чуда, освен оние кои луѓето ги создаваат со труд, знаење и одговорност, по примерот на оние кон кои стремиме да им се придружиме.

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: ЕУиднинаинтеграцијаМакедонијареферендум
Share23TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ