ЦИВИЛ Медиа денес ги праша граѓанките и граѓаните во центарот на Скопје што мислат за заедничкото одбележување на празникот Илинден на Македонија и Бугарија, и за потпишаниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка.
Ставовите на граѓанките и граѓаните се поделени и спротивставени, некои сметаат дека ова е чекор напред за Македонија, а други, дека многу негативно ќе влијае на судбината на македонскиот народ.
„Тоа е голема срамота за Македонците во Македонија! Јас живеам во странство 55 години. Не сум замислувал дека Македонија вака ќе ја дочекам“, изјави еден граѓанин од дијаспората.
„Сè најдобро. Требаше одамна да се случи, но, еве, дојде и тој ден. Одиме напред“, е коментарот на уште еден граѓанин на прашањето за соработката меѓу Македонија и Бугарија.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов