• Latest

Поглавје 24 -„срце на преговорите“ за европска иднина, Бликен порача да не се дозволи Путин да остане неказнет, Левица со референдумското прашање призна дека Северна Македонија почна преговори со ЕУ

September 23, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Поглавје 24 -„срце на преговорите“ за европска иднина, Бликен порача да не се дозволи Путин да остане неказнет, Левица со референдумското прашање призна дека Северна Македонија почна преговори со ЕУ

September 23, 2022 17:50
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Скрининг – објаснувачки состанок за Поглавје 24 „Правда, слобода и безбедност“

Денеска во Брисел продолжи објаснувачкиот состанок за Поглавје 24, Правда, слобода и безбедност, на којшто Европската комисија го презентира новиот корпус на ЕУ acquis донесено во периодот по 2018-2019 година. Следната недела продолжуваат состаноците за поглавје 23 „Правосудство и темелни права“.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји упати порака дека сега е најважно сите во Северна Македонија да застанат зад европската иднина на земјата и да помогнат во процесот на преговори.

Вархеји, на средбата вчера во Брисел со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ разговарал за процесот на скрининг на земјава со ЕУ, како и следните активности во процесот на преговорите за членство и актуелната политичка ситуација во Северна Македонија.

Заменик претседателот на Владата и главен преговарач со Унијата, Бојан Маричиќ рече дека македонскиот преговарачки тим од оваа област се надоврзува на претходното стекнато искуство и продолжува со новите законски регулативи, од 2019 година до денес, потенцирајќи дека ова е голема предност за нас која треба да ја искористиме и да ја валоризираме.

„Имаме капацитет и мотивација соодветно да ги подготвиме нашата земја и нашите институции преку градење силен и добро интегриран административен капацитет на агенциите за спроведување на законот и другите релевантни тела, од кои се очекува да ги постигнат потребните стандарди, рече вицепремиерот Маричиќ.

Според вицепремиерот Маричиќ Поглавјето 24 е „срцето на преговорите“, заедно со Поглавјето 23 пред и сега како дел од Кластерот „Темели“ според новата методологија, за кое изрази уверување дека визијата каде сме денес и каде треба да бидеме до 2030 година ќе се одрази во бараниот Патоказ за владеење на правото.

Во своето излагање Маричиќ истакна што Северна Македонија има направено во делот на борбата против тероризмот, напоменувајќи дека е донесен Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам – со цел усогласување со 5 Директива за АМЛ за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари или финансирање тероризам (2018 г. /843) и ревидираните препораки на Работната група за финансиска акција. Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот за Западен Балкан меѓу Европската комисија и органите на Република Северна Македонија, како рамка за заедничко дејствување во борбата против тероризмот, континуирано се спроведува.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Блинкен: Не можеме да дозволиме Путин да помине неказнето

„Не можеме да му дозволиме на претседателот Путин да помине неказнето. Меѓународниот поредок кој нè собра денеска овде и кој се обидуваме да го зачуваме се распаѓа пред наши очи… Тоа што претседателот Путин одлучи дека токму оваа недела, додека повеќето од светските лидери се собраа во ОН, да стави масло на огнот што самиот го запали, го покажува неговиот целосен презир кон Повелбата на Обединетите нации“, рече шефот на американската дипломатија,  Ентони Блинкен, на седницата на Советот за безбедност посветена на Украина.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Официјалниот украински пазар „Made with bravery“, shop.brave.ua, создаден од EVO и поддржан од Министерството за надворешни работи на Украина, Министерството за дигитална трансформација на Украина, Visa и Banda е лансиран!

Пазарот ги собра украинските производители, кои создаваат, изработуваат и испорачуваат и покрај сè. И сега вие можете да ја поддржите нивната храброст со купување на украински производи.

*

„Втората армија на светот“ изгледа вака, видеа на социјалните мрежи за луѓето кои моментално се мобилизираат во русиja.

https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/video-84e918eb-6fad-455a-9012-4ccb217540eb-1663926551.mp4
https://civilmedia.mk/wp-content/uploads/video-4f6e9a9e-8bd1-4b07-9cb2-e4c159f87810-1663926265.mp4

Рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември потпиша указ за „делумна мобилизација“, која ќе започне веднаш.

*
Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров, кој се смета за близок сојузник на Путин, изјави дека нема да има мобилизација во Чеченија.

Тој во гостување во телевизиско шоу рече дека Чеченија „веќе го надминала планот за 254 проценти“.

– Тој план во Чеченската Република беше преполнет за 254 отсто. Таквите показатели беа постигнати порано со формирањето на нови единици на Министерството за одбрана на Руската Федерација. Сите кандидати за служба поминале низ Воениот комесаријат. Овој механизам го разработивме од самиот почеток, уште пред најавата за делумна мобилизација, рече Кадиров.

*

Илјадници Руси на регрутна возраст се обидуваат да ја напуштат земјата од средата, додека други планираа како да избегнат да бидат испратени на фронтот откако претседателот Владимир Путин прогласи делумна воена мобилизација за војната во Украина.

„Не сакам да бидам топовско месо“, изјави за „Москва тајмс“ еден 30-годишен Московјанец кој побарал анонимност за слободно да зборува.

Најочигледен начин за мажите да избегнат регрутирање е да ја напуштат земјата, а директните летови во среда од Русија до Ерменија, Турција и Азербејџан – блиските земји кои им дозволуваат на Русите да влезат без виза – брзо се распродадоа.

*

Регионите на Украина кои се под контрола на Москва денес започнаа да гласаат за тоа дали да станат дел од Русија, на референдуми кои Киев и неговите сојузници ги осудија како незаконско одземање земјиште, пренесува The Moscow Times.

Референдумите во источните региони на Доњецк и Луганск, како и во јужните региони Херсон и Запорижја беа целосно отфрлени како измама од западните сојузници на Киев.

ИНТЕРВЈУ

Хоџиќ: Кај ВМРО-ДПМНЕ и Левица отсуствува јасна осуда на руската агресија врз Украина и на политиките на Путин

„Релативизирањето на руската агресија врз Украина за мене во моментот е најеклатантен пример. Без разлика дали доаѓа од разни интелектуалци т.е. квази-интелектуалци или доаѓа од политички партии кои се влијателни“, вели Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

Со Хоџиќ разговаравме за руското влијание на Западен Балкан и во Северна Македонија, колку тоа се одразува на евроатланските аспирации на земјата, како може да се надмине руското мешање во демократските процеси и што прават македoнските институции, граѓанското општество и медиумите во надминување на руското влијание и хибридните напади.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРИЗНАВАЊЕ Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските Заклучоци – Левица го формулира референдумскот прашање., со што признава дека Северна Македонија почна преговори со ЕУ. Партијата смета дека со ова прашање, е практично невозможно формално-правно да се одбие иницијативата.

СРЕДБА Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. На средбата премиерот Ковачевски изрази благодарност за ангажманот на ОН во Република Северна Македонија и нагласи дека соработката ќе продолжи со зголемен интензитет, особено во имплементирањето на новите стратешки цели за одржлив развој за периодот 2021-2025 година.

СОСТАНОК Министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Полска и Шведска, Бујар Османи, Збигњев Рау и Ан Линде, на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации, одржаа состанок како дел од Тројката претседавачи со ОБСЕ. На средбата учествуваше и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид. Соговорниците разменија мислења за улогата на ОБСЕ во светло на руската агресија врз Украина и го повторија својот повик до Руската Федерација да ја прекине агресијата, да ги повлече своите сили од Украина и да се усогласи со принципите на ОБСЕ.

ПОМОШ Министерот за надворешни работи Бујар Османи учествуваше на неформалниот состанок на министрите на надворешни работи на Централно европската инициатива (ЦЕИ), кој се одржа на маргините на 77 – та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. За време на обраќањата на претставниците на земјите-членки, фокусот беше ставен врз руската воена агресија врз Украина и начинот на кој ЦЕИ може да ѝ помогне на оваа земја.

ИНФЛАЦИЈА Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека доколку се одржиме на проекциите на крај на годината просечната годишна инфлација ќе биде 10 до 11 проценти.

СОБРАНИЕ Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес оствари средба со Делегација од европратеници на Зелените/Европска слободна алијанса (EFA) од Европскиот парламент во состав: Тинеке Стрик, европратеничка од Холандија, Известител во сенка и портпарол за Република Северна Македонија и Рајнхард Бутикофер, европратеник од Сојузна Република Германија.

СКЕПТИЦИЗАМ Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, во белешката до вработените во четвртокот забележува дека е „јасно“ дека луѓето предизвикуваат загревање на планетата со испуштање на стакленички гасови, пренесува Политико. Белешката беше испратена по тешките критики за неговото појавување на настанот на Њујорк Тајмс во вторникот, кога тој избегнуваше повеќекратни прашања за науката за климатските промени.

СЛОБОДНА ЗОНА

@Тактиката на ВМРО ДПМНЕ со филибастеринг на нејзините пратеници во Собранието да глумат дека се активни, ама да ги блокираат сите активности во него, имала еден проблем: полната бешика на говорниците. Да не заборавиме дека терминот филинастер доаѓа од поимот – пирати!“, вели Љубомир Костовски во „Филибастеринг или диктатура на една бешика“.

Војо Маневски

„Вмешувањето на високите офицери во партиската и политичката борба мора да има однапред утврдени правила. Имаме закон кој тоа го одредува, ама се потребни и некои други правила за недозволивоста на учество на високите поранешни офицери во дневнополитичките случувања. Ако во некој е вложено средства да научи, да донесува одлуки под стрес и да умее да ја оценува целисходноста на употребените средства и луѓе за постигнување на одредената цел, НЕ СМЕЕ таа негова обука да се употребува во формулирање на партиски пресови од пропаганден или било кој дневен карактер. Учеството на офицер на прес треба да ја отсликува сериозноста на соопштениот став. Во спротивно се руши и последната институција во која граѓаните сѐ уште имаат висока доверба“, пишува Војо Маневски во денешната колумна „Остав“

„Само оние што се целосно неуки или наивни, не гледаат дека Данела и Мицкоски доаѓаат од една иста структура. Тие меѓусебно се фатија со „рачињата во медот“. Тендерот од 136 милиони евра (речиси 8,5 милијарди денари) е „само“ еден дел од „пленот“ околу кој паднаа толку тешки зборови и меѓусебни обвиненија. Влијанија, позиции, моќ, други тендери… Значи, Мицкоски и Арсовска се „спукаа“ околу многу поголема тегла со мед. Во меѓувреме, главниот град тоне меѓу танцот на кобрата и боливудската сапуница што ни ја прикажува Вмро“, пишува Џабир Дерала во БЕЗ ФИЛТЕР за „Рачињата на Груевски“.

Б. Ј.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ