• Latest

Поголема контрола во финансирањето на политичките партии за спречување на корупцијата

July 12, 2018
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поголема контрола во финансирањето на политичките партии за спречување на корупцијата

July 12, 2018 12:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Законската регулатива за финансирање  политички партии е квалитетна и добра. Проблем е транспратеноста и контролата на процесот. За подобрување на состојбите неопходно е зајакнување на контролата преку создавање една надлежна институција. Финансирањето на политичките партии може да биде вратата преку која  корупцијата влегува во целиот систем.

Ова се ставовите на дел од учесниците на денешната тркалезна маса на тема „Подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија“, што се одржа во организација на Националниот демократски институт (НДИ) и во соработка со Транспаренси Интернешнл Македонија.

Законските решенија се добри, рече Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл Македонија и се знае кои се забранети и дозволени начини на финансирање на политичките партии.

– Но, системот на контрола е толку расцепкан, што сите институции се надлежни и ниту една не е надлежна за да каже кои се неправилностите и да донесе конкретна одлука за тоа дали имало неправилности, рече таа.

Проблем, според неа е финансирањето на изборни кампањи и политички партии од државни институции, локални самоуправи, но и донации од граѓани кои не се транспратентни.

– Оние кои даваат поголеми пари за партиите очекуваат од нив кога ќе дојдат на власт да работат во нивен интерес, дали во донесување одлуки, закони или преку добивање предност и приоритет во водењето на нивните бизниси, рече таа.

Министерката за правда Рената Дескоска се согласува дека законските решенија се добри, за што, како што рече, говорат и оценките на меѓународните организации, меѓу кои и на ГРЕКО, но оти треба да се работи на поголема контрола на финасирањето на партиите.

– Треба да работиме на зајакнување на механизмите за имплементација на законските норми, бидејќи во нашите закони јасно е пропишано кои се забранети извори на финансирање – од странство,  од државни институции, јавни институции…, рече Дескоска.

Јакење на капацитетите, според неа, значи зајакнување и на Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија, судството и обвинителството. Тие, рече министерката Дескоска, се институциите, кои можат да придонесат за спречување на корупција и нелегално финанирање на политичките партии.

Како можност и Тасева и Дескоска не го отфрлија и финасирањето на политичките партии само од буџетски средства, но, посочија се уште не може да се каже дали е можно да се реализира.

– Тоа е еден од механизмите за контрола и спречување нелегално финансирање на политичките партии, но поради буџетското ограничување не знам колку е можно да се спроведе, но, во секој случај значи дека ќе бидат потребни многу поголеми средства, а за тоа треба да се изјасни и Министерството за финансии, рече Дескоска.

И Лиза Клајн, консултант на НДИ Македонија, смета дека контролата на финансирањето е послабата алка и оти треба да се работи на нејзино зајакнување.

Законите, вели таа, се добри, но проблем се транспаретноста и надзорот. За справување со проблемот, е потребно време, и потребно е да се работил темелно, чекор по чекор. (МИА)

Tags: КорупцијаЛиза КлајнНДИ Македонијаполитички партииРената Дескоскафинансирање политички партии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ