• Latest

Поголеми инвестиции во текстилната индустрија со ист број на вработени

April 20, 2018

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поголеми инвестиции во текстилната индустрија со ист број на вработени

April 20, 2018 13:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси не постои текстилна компанија во Македонија што може да го зголеми бројот на вработени, а тоа е еден од двата услова за добивање поддршка за инвестиции согласно законските измени кои се во собраниска процедура.

Текстилците денеска предупредија дека е голем недостигот на работна сила, а можат да опстанат само ако вложуваат во опрема и технологија поради што поддршката им е повеќе од неопходна. На тој, начин, велат, не само што би останале рентабилни, туку и би ги зголемиле и платите и продуктивноста.

На  прес-конференција во Стопанската комора на Македонија побараа побрзо да се донесе законот што е во процедура веќе девет месеци, но да се поддржи и амандманот кој ги иззема од условот за зголемен број вработени.

„Единствен начин да опстанеме е да инвестираме во опрема, во современи, автоматски машини, да почнеме со комплетно производство и  креирање соптствени брендови. Нашите компании го зголемуваат извозот, вкупниот приход и девизниот прилив, но зголемувањето на бројот на работници и да сакаат не можат да го остварат поради недостигот на работна сила на пазарот на трудот. Кога би имало расположлива работна сила што би сакала да работи во текстилната, кожарската или чевларската индустрија, 5.000 работни места се веднаш слободни. Секоја конфекција е подготвена да вработи 20 – 30 лица, рече претседателот на Огранизацијата на работодавачи“, Ангел Димитров.

Текстилната, кожарската и чевларската индустрија вработуваат 65.000 лица или 20 отсто од вкупниот број вработени во државата. Само текстилни компании во земјава има 800 со 35.000 – 38.000 вработени. Од нив, според Димитров и Перковска, најмалку половината ќе можат да конкурираат за поддршка за инвестиции, а некои дури и почнале да вложуваат во опрема.

„Најголем проблем е тоа што многу се малку или воопшто не постојат компании во кои бројот на вработени се зголемува, а евентуалната модернизација и автоматизација би овозможила со истиот број вработени да се извршува поголем обем на производство, односно да се зголеми продуктивноста“, потенцира претседателот на Кластерот за текстил Мирјана Перковска.

Во текстилната и кожарската индустрија, според статистиката, платите постојано се зголемуваат и бележат најголем процентуален раст.

„Секоја компанија во Македонија мора во текот на годината да ги покаќи платите за барем 10 отсто. Во спротивно ќе се соочи со недостиг на работници, тие едноставно ќе си одат“, подвлече Ангелов. Проблемот, дополни Перковска, е што индустријата е недоволно технолошки подготвена, а цените на материјалите постојано растат. Поради тоа компаниите не можат да ја зголемат платата.

Законските измени за поддршка на инвестиции предвидуваат два критериума: компаниите да остварат зголемување на приходот од дејноста колку просекот во последните три години и да имаат ист или зголемен број вработени во однос на просекот во последните три години.

„Ова е само прв, иницијален чекор, но не и доволен за да заживеат текстилната и преработувачката индустрија воопшто. Мора да се размислува и на други инструменти: гарантни фондови, соработка со деловните банки и реструктуирање на Македонската банка за обнова и развој во насока на директна поддршка на компаниите, а за да нема неусогласености на законите со праксата, при нивното носење не треба да се одржуваат само формални средби, туку и да се слуша гласот на реалниот сектор“, порачаа текстилците и сигуреираа формирање советодавно тело со луѓе практичари, како коректор на недопрецизираните регулативи.


Извор: МИА

Tags: прес конференцијаСтопанска комора на Македонијатекстилни компании
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ