• Latest

Политичката (не)култура на ВМРО-ДПМНЕ и Левица не ја исфрли земјата од друштвото на земји со функционална демократија

February 2, 2023
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Политичката (не)култура на ВМРО-ДПМНЕ и Левица не ја исфрли земјата од друштвото на земји со функционална демократија

February 2, 2023 16:32
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Веќе втора година Северна Македонија, заедно со Молдавија и Црна Гора, е во друштвото на земји со функционална демократија, според светскиот Индекс на демократијата на угледниот „Економист“, откако од 2016 година беше заглавена во групата „хибридни режими“ во кои ја сместија Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како „заробена држава“.

До 2021 година државата се извлекуваше од блокот обележан со етикетата „хибридни режими“, ситуацијата којашто на најперверзен начин ја користеа од ВМРО-ДПМНЕ покажувајќи со прстот кон Владата и СДСМ, иако за таа етикета што ѝ се залепи на нашата земја, заслугата е исклучиво нивна.

Во индексот на Економист за 2022 година, Северна Македонија е на 72 место, односно едно место погоре од 2021 година. Во споредба со 2020 година кога беше рангирана на 78 место од 167 земји во 2022 година земјата бележи скок од шест места.

Според критериумите по кои се врши рангирањето, Северна Македонија во четири од вкупно пет категории има оценки над просечната од 5.29 индексни поени. И за 2022 година останува најдобра е во делот на изборен процес и плуразлизам каде што од 7.42 индексот во оваа категорија порасна на 7.83 и бележи континуиран напредок.

Натпросечно сме подобри и во „Функционално владеење“, иако е забележан пад на вредноста, во „Политичка партиципација“, како и во категоријата „Граѓански слободи“, каде што пак, „Економист“ нотира одреден напредок.

За жал, и во 2022 година најслаб „скор“ државата има во категоријата „Политичка култура“.

„Економист“ ја оценува демократската политичка култура на државите врз основа на неколку индикатори кои се однесуваат на степенот на општествен консензус и кохезија во поткрепа на една стабилна и функционална демократија. На ова се надоврзуваат и перцепциите на граѓаните за лидерството коишто ги вклучуваат и тенденциите кон „силни лидери“ кои ги игнорираат институциите на демократските општества, или, пак, одат во другата крајност како што е приклонувањети кон владеењето од експертска или технократска влада.

На висината на индексот за политичката култура секако влијае и работата на Собранието во цела 2022 година од страна на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, беа блокирани десетици закони, како и исклучително високиот степен на говор на омраза, повторно во најголеме мерка поттикнат од политичарите од опозицијата.

Дури и „Економист“ го регистрираше посебно изразениот интензитет и системска организираност кај кампањите со говор на омраза и дезинформации се препознава кога на мета на проблематизирање се стратешките прашања за Северна Македонија во меѓународното позиционирање на земјата како што е членството во ЕУ за време на кампањата на опозицијата против „францускиот предлог“.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ