• Latest

Политичките партии го потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

September 23, 2021
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Политичките партии го потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

September 23, 2021 16:55
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со потпишување на Кодексот за фер и демократски избори, политичките партиите денеска се обврзаа на демократски изборeн процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори.

Овој кодекс го потпишаа претставници од сите политички партии, учесници на претстојните избори.

Први го потпишаа претставниците на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Владо Мисајловски, а по нив Фатмир Бесими и Биљал Касами од ДУИ и БЕСА, Горан Милевски и Маја Морачанин од ЛДП и ДОМ, Зијадин Села и Афри  Гаши од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Кодексот го потпишаат и ДПА, ГРОМ, Демократската партија на Турците, Партијата за движење на Турците, Левица, Интегра, ПОДЕМ, на Бошњачки демократски сојуз, Титови леви сили и Зелен хуман град.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски истакна дека изборите и другите политички процеси се клучни за квалитетот на управувањето и дека можат во голема мера да го унапредат долгорочниот демократски развој на земјата, како и приоритетите, регионалните и глобални надворешни политики, а најфундаменталниот принцип што ги дефинира кредибилните избори е слободното изразување на волјата на народот.

-Пристапот на изборниот циклус ги покажува изборите како континуиран интегриран процес составен од фази кои меѓусебно си влијаат и се преклопуваат едни со други, а не како серија на изолирани настани. За да се постигнат вистинските демократски избори основните човекови права и слободи е неопходно да се остварат без непотребни произволни или тешки ограничувања. Ниту еден изборен процес не е совршен. За сите се потребни постојани подобрувања, но степенот до кој процесите ги исполнуваат овие стандарди ќе зависи од нивото на нивниот кредибилитет, изјави Даштевски.

Потсети дека електоратот треба да биде слободен, избирачкото тело мора да биде соодветно информирано, а гласањето тајно. Воедно напомена дека оние кои сакаат мирно да се натпреваруваат за политичката моќ треба да имаат право слободно да се здружуваат во политички партии и да добијат пристап до гласачкото ливче без дискриминација.

Како учесници во политичките избори, на настанот што се одржа во Клубот на пратеници беа спомнати  и медиумите, за кои Даштевски рече дека треба да бидат слободни, да собираат и пренесуваат информации за учесниците во изборите и прашањата од политичка важност и да ги покриваат сите учесници точно, праведно и правично.

Додека, пак, за граѓанските организации беше порачано  да учествуваат во изборниот процес преку во едукацијата на другите граѓани за важноста на слободните изборите.

– Во услови на глобална пандемија целокупното живеење се одвива по модифицирани правила, а тука исклучок не се ниту изборите. Предизвикот да се прилагодиме на новите околности важи за сите  ДИК и останата државна администрација, учесниците во изборите,медиумите, набљудувачите, граѓаните. Со тоа нашата одговорност не се намалува. Напротив, имаме можност поодговорно да пристапиме и кон користењето на правата и кон спроведување на обврските за да можеме на крај да си честитаме за успешно завршени избори кои биле демократски, кредибилни и слободни, фер и со интегритет, објасни претседателот на ДИК.

Чинот на потпишување беше во организација на НДИ од каде истакнаа дека овој кодекс, е од особена важност при борбата за родова еднаквост и против насилството врз жените во политиката.

-Овој кодекс е од особено значење за родовата еднаквост во политиката, бидејќи е доказ за борбата против насилството врз жените во политиката, и ние сме особено горди на тоа. По овој потег останува на  политичките партии да се изборат против говорот на омраза и дискриминација врз жените во политиката, рече Роберт Скот Хејзлет од НДИ.

Со денешниот чин, учесниците на локалните избори преземаат одговорност дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат Кодексот за фер и демократски избори, дека ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеењето и ќе придонесуваат за демократски развој на општеството. Исто така, се обврзаа дека со своите активности ќе придонесат за градењето на довербата во изборниот систем на Република Северна Македонија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ