• Latest

Политичарите се плашат од слободарскиот дух на рокенролот!

June 6, 2017

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Политичарите се плашат од слободарскиот дух на рокенролот!

June 6, 2017 18:32
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сметам дека рокенролот е маргинализирана уметност ако не и целосно игнорирана во последните 15-тина години, а се работи за многу сериозен фактор во културата, со потенцијал на слободарски дух, од којшто политичарите сфатија дека треба да се плашат да не се ослободи, па ни пуштаа магла цело време за минатото, за да не ја гледаат сегашноста и иднината!“. Со овие зборови, Тошо Филиповски, како еден од организаторите, ја отвори трибината „Rock’n’Roll-от како Soundtrack за новото Министерство за култура на  Македонија“, вчера во Џебното кино во МКЦ.

Пред многубројните музичари, композитори, музички критичари, љубители на рок музиката, на трибината дебатираа:  Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ- Центар за слобода, Виолета Симјановска, професорка на University оf Arts – Helsinki, д-р Јулијана Папазова, професорка на Факултетoт за музичка уметност во Скопје, музичарите Влатко Стефановски, Петар Младеновски и Петрит Сарачини, како и министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

Повикувајќи се на една од колумните од серијалот „Рафал“ што се објавува во „Слободен печат“, Плус Инфо и ЦИВИЛ Медиа – „Сакаме рокенрол влада, не турбофолкерска!“, Џабир Дерала изјави дека рокенрол културата е состојба во општеството што подразбира да се биде гласен и да се биде бескомпромисен за прогресивни, слободарски и демократски промени.

„Рокенрол општеството, во услови на авторитативен режим, каков што имавме до пред неколку дена, е гласно општество.  За жал, добро е што ја имаме оваа прилика да се погледнеме, ако не меѓу себе, барем самите себеси и да кажеме дека рокенролот не беше многу гласен овие 10 години“, рече Дерала.

Петрит Сарачини, како музичар и граѓански активист, понуди и можни решенија до Министерството за култура, во интерес на афирмација и развој на рок музиката.

„Мислам дека Министерството за култура треба да обезбеди и финансиска поддршка, затоа што реално нашите бендови стојат слабо во однос на промоција на своите прозводи… “, изјави Сарачини, исто така, укажувајќи дека ако медиумите се огледало на општеството, тогаш, „на трибина за вакви културни и општествени прашања, требаше да има барем една камера“.

Сите учесници на трибината имаа свои предлози за решенија до присутниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, што ќе придонесат за промена пред сè, на менталитетот, на размислувањето и едуцирањето за рок музиката и за нејзиното позитивно влијание, наспроти феноменот наречен турбофолк.

„Самата рок музика е феномен, таа култура преку која што се одразуваат важните промени, развои и проблеми во современото општество во последните 50 години… Она што се случува во нашиот културен живот во изминатите неколку години е чувството за големи промени во нашето културно живеење “, изјави професорката Јулијана Папазова, која воедно посочи дека за овие промени e потребно рок музиката да биде директно вклучена во Министерството за култура, преку луѓе докажани во овој жанр, што преку активности и проекти ќе ја промовираат рок музиката.

Професорката Виолета Симјановска посочи дека во Македонија имаме класичен пример каде индентитетот преку култура, се менува дури и за три години.

„Имаме веќе генерации што израснаа со тој индентитет што го промовираше Груевски… Имаме тотално пореметени вредносни системи… Кога на мало дете од 9 години и нагоре, ќе му сервиврате да оди да го гледа оној кич од ‘Скопје 2014’, нормално дека ќе се чувствува нелагодно, кога ќе го однесете на концерт на ‘Суперхикс’ или на ‘Леб и Сол’… Не оди тоа така… Затоа, треба да се актуелизира прашањето на идентитетот и зошто рокенролот е битен…“, изјави меѓу другото Симјановска.

Презентирајќи ја стратегијата на Министерството за култура, министерот Алаѓозовски предложи не само претставниците на рок културата, туку и на сите уметници, првенствено сами да се организираат и да предложат приоритетни барања за кои може да се предложат долгорочни решенија.

Текст, камера и монтажа: Биљана Јордановска

Tags: Виолета СимјановскаВлатко Стефановскид-р Јулијана ПапазоваПетар МладеновскиПетрит СарачиниРоберт Алаѓозовскирок музикатрибинаЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ