• Latest

Политичка одмазда или непознавање на правото?

July 11, 2017

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Политичка одмазда или непознавање на правото?

July 11, 2017 16:54
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По 23 години работа во скопската гимназија „Јосип Броз – Тито“, професорката по физика Олга Сејменов е приморана да се бори со институцијата во која поминала повеќе од половина од својот работен век.

Сејменов не може да го оствари своето, со закон гарантирано право на продолжување на Договорот за вработување по навршени 64 години возраст.

Наместо одлука за продолжување, училиштето донело решение за прекин на Договорот за работа, поради остварување на старосна пензија, иако професорката сè уште нема 64 години. Решението е донесено на 6 април годинава.

По жалбата до Училишниот одбор, Сејменов е одбиена, со образложение дека барањето за продолжување на Договорот за работа не е поднесено во законски дадениот рок.

Олга Сејменов, професорка во гимназијата „Јосип Броз – Тито“

Рокот за поднесување изјава за продолжување, според Законот за работни односи, е најдоцна до 31 август во тековната година, односно, во конкретниов случај 31 август годинава. Професорката Сејменов својата изјава ја поднела на 11 април.

Како причини за ваквата постапка на училиштето, Сејменов ги наведува нејзините чести несогласувања со директорката на училиштето, особено во периодот кога Сејменов била претседателка на Училишниот одбор. Таа нагласува дека многу често се спротиставувала на одлуките на директорката и дека ваквата одлука на училиштето не е ништо друго, туку одмазда за нејзината „политичка непокорност“.

Дека изјавата е поднесена во законски дадениот рок потврдува и Народниот правобранител. Според него, „професорката постапила согласно со законската одредба и поднела барање во тековната година кога полни 64 години“. Народниот правобранител тврди дека на професорката Сејменов ѝ се повредени законските права и му укажува на училиштето да ја преиспита постапката. Според препораките на Народниот правобранител, решението за прекинување на договорот за работа треба да се поништи и да се донесе ново решение со кое на професорката ќе ѝ се продолжи договорот.

Училиштето сè уште не постапило по укажувањата, иако одлуката на Народниот правобранител е донесена пред еден месец. Сејменов тврди дека училишните служби ја известиле дека оваа одлука, практично не стигнала до училиштето!

Сејменов се обратила и до Министерството за образование и наука и до Министерството за труд и социјална политика, но сè уште нема конкретен одговор.

Олга Сејменов, „политички непокорна“ вели дека ќе оди до крај во остварување на своите права.

Од гимназијата велат дека професорката задоцнила со барањето за продолжување на работниот однос. Според училиштето, Сејменов требало да го поднесе тоа барање најдоцна до 31 август 2016 година, што значи – минатата, а не тековната година, како што стои во Член 104 од Законот за работен однос. Во однос на прашањето зошто училиштето не постапило по укажувањата на Народниот правобранител, од гимназијата велат дека доставиле одговор до Омбудсманот.

„Автентично толкување на членови врши Законодавната комисија при Собранието на Република Македонија, а не Народниот правобранител. Толкување на закони не влегува во негова надлежност“, стои во одговорот на професорката по психологија Кристина Атанасова, а препратен до нашата редакција од директорката Татијана Стојанова Дуева.

Се поставува прашањето, ако Народниот правобранител не е надлежен да толкува членови во законот и да постапува по претставки во одбрана на човековите права и слободи на граѓанките и граѓаните, дали тоа значи дека професорка по психологија може да одговара на прашања од областа на правото и со тоа да одлучува за судбината на своите колешки и колеги?!

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права, ќе го следи овој и низа други случаи во кои работничките права се „регулираат во согласност со политичката подобност“ и апелира до релевантните институции да преземат итни мерки за заштита на работничките права и правото на слободно изразување. Редакцијата ЦИВИЛ Медиа ќе продолжи со следење на овој и сите слични случаи и ги повикува слободните медиуми да останат отворени кон овие теми.

 

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Биљана Јордановска
Монтажа: Ермин Климента

Tags: гимназија „Јосип Броз Тито“договор за работазакониНароден правобранителОлга СејменовполитикаправапрофесоркаТатијана Стојанова Дуева
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ