На 26 мај 2018 година во 00.30 часот било пријавено дека во близина на с.Костурино, струмичко, има поголема група на мигранти и две патнички возила како ги товарат мигрантите.
Полициски службеници излегле на местото и го пронашле возилото „Форд Галакси“ со англиска национална ознака, кое било празно и без клучеви. Во непосредна близина на возилото биле откриени 25 мигранти од Пакистан. Веднаш потоа, во близина на местото, полициските службеници го стопирале и второто возило („БМВ“ со радовишки регистарски ознаки), кое, исто така, било пријавено. Возилото го управувал А.А. (32), а сопатник бил Ш.Е. (25), двајцата од с.Калаузлија, радовишко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуват од МВР.