• Latest

Полиција против полиција во Куманово

December 13, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Полиција против полиција во Куманово

December 13, 2016 22:17
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Набљудувачите на ЦИВИЛ јавија за обид за апсење на Стојанче Величковиќ, началник на СВР Куманово, поставен од министерот Оливер Спасовски, кој е од редовите на опозициската СДСМ, според Договорот за надминување на политичката криза. Силно вооружени и маскирани припадници на специјалните полициски сили, со оклопни возила и џипови, пристигнаа пред домот на Величковиќ околу 18 часот вечерва, со налог за претрес и приведување од Основното јавно обвинителство.

По совет на колега во пензија, Величковиќ не дозволил да започне претресот пред да дојдат неговите правни застапници од Скопје.

Во меѓувреме, се собраа над двесте граѓани пред куќата на Величковиќ, во знак на протест против апсењето. Тие скандираа „Македонија, Македонија!“ и бараа од полицајците да ги симнат маските и да застанат на страната на граѓаните. Повеќе граѓанки и граѓани го поздравија присуството на набљудувачите на ЦИВИЛ и побараа да нотираат дека Величковиќ живее во етнички мешано соседство и дека е почитуван и поддржуван од сите заедници. Некои од нив споменаа дека оваа атмосфера е многу налик на дводневната безбедносна криза во Куманово, 9-10 мај 2015 година.

„Јас сум од Лопате. Слушнав од еден колега… На 100 луѓе им се јавив да дојдеме тука да му дадеме поддршка. Ако е виновен нека го апсат, ама не е! Гледав какви криминали прават за избори овие од ВМРО и ДУИ…“ – изјави еден учесник во протестот.

„Вечерва во Куманово се обидоа да го уапсат началникот на полицијата. Начекаа некои услови од Пржинскиот договор и веднаш првиот ден од изборите, кои уште не се конечно завршени, сите знаеме дека се уште има рок за преговори и прегласување, да се обидат да му монтираат наводен изборен фалсификат… Пораката овој пат не беше само за кумановци, туку и обидот да попуштиме пред диктатурата која е во заминување… Да не беше силната поддршка на народот, ќе се обидеа да му монтираат изборен фалсификат, злосторничко здружување или не знам каков криминал… Тоа се сѐ конструкции на криминалните структури како Чавков и други, со цел да го скршат отпорот и демократскиот глас на народот.“ – коментираше една граѓанка која учествуваше на протестот.

kumanovo

Под притисок на насобраните граѓани кои протестираа против обидот за апсење, полициските сили заминаа по двочасовен претрес, додека началникот Величковиќ замина со такси во непознат правец. Тензиите траеја речиси четири часа, по што протестот заврши околу 22 часот.

ЦИВИЛ ги информира и меѓународните претставници за овој настан, по што и нивните набљудувачи се упатија кон Куманово. Според анонимни извори на ЦИВИЛ од теренот, функционери на МВР од редовите на ВМРО-ДПМНЕ му се заканувале на началникот Величковиќ дека е на листа за апсење.

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Апсењенабљудувачиначалник на КумановоЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ