• Latest

Помалите етнички заедници – помеѓу статистиката и политиката

December 22, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Помалите етнички заедници – помеѓу статистиката и политиката

December 22, 2021 16:08
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ организираше панел дискусија „Помалите етнички заедници помеѓу статистиката и политиката“, (на 21 декември), во која учесниците Суад Скендери – Ромалитико, Аделаид Каришиќ – Бошњачки истражувачки центар Скопје и Добре Митрев, Претседател на граѓанското здружение „Македонско – бугарско пријателство“, дискутираа како се спроведе, кои беа предизвиците и кои се перспективите на пописот на населението 2021?

Аделаид Каришик од Бошњачки истражувачки центар Скопје, на панелот на ЦИВИЛ „помалите етнички заедници: Помеѓу статистиката и политиката“, истакна дека Бошњаците се една од ретките заедници на која на почетокот на минатиот век, со декрет им е укинато правото на национално изјаснување, и правото на мајчин јазик. По временски период од некои деведесет-сто години, каде што Бошњаците немаа право да се изјаснуваат онака како што се чувствуваат, туку секогаш им биле наметнувани некои називи како што се во прво време дали Срби со муслиманска вероисповест или Хрвати со муслиманска, а потоа, за време на Југославија и како муслимани со големо М.

„Верската назнака на еден народ беше користена како нивна национална ознака, така што од таа причина, бидејќи имаме последици од  тие работи што се случувале во минатото, беше битно за нас како народ, да настапиме со оваа кампања („Битно је бити Бошњак“), и бидејќи се уште има конфузија во поглед на националното изјаснување, намерна, ненамерна и слично, така што ни беше потребна оваа кампања.

Тој додава дека дефинитивно имаше потреба од оваа кампања, бидејќи бројките од пописите, од деведесеттата па наваму од кога е формирана независната држава, покажуваат дека со националното освестување, на секој попис имаме помал број на муслимани со големо М, а поголем број на Бошњаци.

Каришиќ истакна дека бошњачката заедница не учествуваше и не сака да учествува во такви кампањи, за бојкот, бидејќи тоа е штетно за држава која дваесет години немала попис.

„Ние мора да имаме бројки, пред се, заради сите други политики што треба да ги спроведуваме. Кај нас, за жал, дневно политичките случувања наметнуваат такво темпо, и затоа го имаме тој момент, бидејќи најверојатно на некој, бројките, колку Македонци, Албанци и други има во државата, но пред се, ние како заедница сакавме да видиме колку луѓе има во државата, каде ги има, каде се распоредени, нивните потреби, образованието и слично“,  вели Каришик за кампањата за бојкот на процесот.

Суад Скендери од Ромалитико, и дел од иницијативата АВАЈА, на панелот „Помалите етнички заедници помеѓу статистиката и политиката“ во организација на ЦИВИЛ, вели дека самата одлука да се одложи пописот, по средбата на политичките лидери на двете поголеми партии, покажува дека имавме политичка, а не статистичка операција.

„Пописот за помалите етнички заедници, посебно за Ромите е политичко прашање, а не само обична статистичка операција, бидејќи пописот всушност претставува алатка за поголемите етнички заедници за демографски инжинеринг.

По 2001, односно по Рамковниот договор сите политики се креираат според застапеноста на заедниците. Затоа е политичко прашање, бидејќки колку е поголема бројката толку е поголема застапеноста во државната и јавна администрација и во другите установи“, потенцира Скендери.

Тој вели дека според сите податоци, во Република Северна Македонија има од 80.000 до 100.000 Роми. Скендери истакна дека во текот на пописот наидоа на низа проблеми.

Добре Митрев, Претседател на граѓанското здружение „Македонско – бугарско пријателство“, истакна дека Пописот се спроведе за да се задоволат двајцата лидери на поголемите партиите, односно, тоа беше обид да се направи попис. Тој додава дека пописот се направи за да се види која од двете етнички заедници е подоминантна во државата.

 

„Кога попишувачите оделе по куќите и луѓето се изјаснувале како Бугари, попишувачите им барале пасоши за потврда. Дали е тоа основа за тоа како сакаат граѓаните да се изјаснат?

Најодговорно тврдам дека етничките Бугари се обесправени на пописот, кога некој се изјаснува како Бугарин и некој му бара документ. Што ако немам документ, а сакам да се попишам како таков? Ние како здружение имавме многу поплаки, имаме и луѓе кои ќе го потврдат тоа. Сето тоа ќе биде докажано со документи за луѓе што сакале да се попишат како Бугари, но тоа не им било овозможено“, тврди Митрев.

Тој додава дека бројката не претставува предуслов за добивање на основни човекови права.

„И еден човек да е, треба да има основно човеково право. За мене бројката не значи ништо, туку за бројката се борат двете поголеми етнички заедници, за да добијат некакви квоти. За мене, секој човек треба да има основно и индивидуално право“, додаде Митрев.

обработка на текст: Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ