Според OpenSecrets, петте најскапи изборни трки за место во Сенатот на САД во 2022 година чинат речиси 1,3 милијарди долари. И тоа само за место во Сенатот и само пет од кампањите за Сенатот и за Претставничкиот дом во изборите одржани на 8 ноември во САД. Ова говори дека во американската политика се слеваат сѐ повеќе пари.
Пенсилванија води на листата од пет најскапи изборни трки за место во Сенатот, каде што се борат демократскиот кандидат гувернер Џон Фетерман и републиканецот д-р Мехмет Оз, чии кампањи чинат вкупно 373 милиони долари, открива OpenSecrets.
Еве ја Топ 5 листата:
- Пенсилванија: 373.605.258 долари
- Џорџија: 271.351.786 долари
- Аризона: 234.577.515 долари
- Висконсин: 205.791.615 долари
- Охајо: 202.117.075 долари
Експлозијата во трошоците за трките во Сенатот на последните неколку избори е апсолутно запрепастувачка, оценува американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен.
Подготви: Дескот на ЦИВИЛ МЕДИА