Весна Попоска, деканка на Правниот факултет при универзитетот „Визион“- Гостивар, на панелот на ЦИВИЛ “Руско -украинската криза и Северна Македонија“ меѓу другото се осврна и на улогата на медиумите и пропагандата, што се однесува до Руско-украинската криза и Северна Македонија.
( 9 февруари, 2022)
„Медиумите се носечки столб на демократијата, мора да имаме предвид дека не е само руската пропаганда виновна за она што се случува, туку, за жал многу непрофесионални новинари, секоја чест на исклучоците и благодарам за тоа што го прави ЦИВИЛ и што го прават сите прекрасни новинари кои совесно си ја вршат работата. Сметам дека она што можеме да го направиме, како домашна задача, е да го преиспитаме регулирањето на електронските портали пред се, тие беа изземени во актуелниот текст на законот кога се подготвуваше, заради опасност од цензура, меѓутоа мислам дека сега доби една сосема друга димензија, така што верувам дека тоа може да се преразгледа и да се најде некое посоодветно решение.“, посочи Попоска меѓу другото.
Обработка на текст: Дијана Тахири
камера: Дехран Муратов
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети