„Драго ми е што ЦИВИЛ се посветува на неделно ниво на овие теми, има неколку аспекти што треба да се согледаат во контекст на прашањата што ги постави, ќе се обидам да ги структурирам на начин повеќе да бидат јасни за јавноста, верувам дека Тони и Елида ќе ме поправат или надополнат, вели Весна Попоска, деканка на правниот факултет при универзитетот „Визион“- Гостивар, на панелот на ЦИВИЛ „Информациски хаос : Трендови и перспективи“.
За почеток, мора да имаме на ум дека дезинформации, како потекло на зборот, и покрај тоа што е латински корен, е преземен практично од руската верзија, како термин што се употребува од 1923 година во Бирото на Сталин. И потоа се развива како посебна врста на војување или како инструмент на мека моќ, и понатаму како што се развива општеството и западното, и прозападното и проруското. Овие инструменти на моќ потоа практично ги презема доктрината на Герасимов, она што ние го знаеме од 2014 наваму, како дел од хибридно војување во кое влегува сајбер војувањето. А доктрината на Герасимов е практично наследена од Приманков, неговиот претходник во делот на надворешната политика. Ова на западот е генерално познато како напад на либералните вредности, и како напад на она што Западот го смета за своја цивилизациска придобивка, како крајност на слободата на говорот, слободата на мислата и медиумската слобода. Тоа се двете страни на медаљата, и затоа мора да се најде соодветен начин секоја слобода и право да бидат загарантирани во определен контекст, односно да се овозможи нивното користење и да се оневозможи нивната злоупотреба,“ посочува меѓу другото проф. Попоска.
Д. Тахири
Камера: Дехран Муратов
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети