„Следната година ние влегуваме во два изборни циклуси. Тоа се претседателски и парламентарни избори. Изборите како такви се едни од најкритичните сегменти во однос на дезинформациите и хибридните закани“, вели проф. Весна Попоска, Универзитет „Визион“, Гостивар, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Ослободи го умот: Клучни елементи на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во Северна Македонија“.
„Постоеше извесна дискусија и во САД и во дел од западните земји да токму изборните системи бидат дезигнирани како клучна инфраструктура заради ранливоста, заради докажано мешање во изборите. Тоа се случи во Франција, во изборите за Европскиот парламент, изборите во САД па дури и кај нас. Ако се сеќавате, на последните избори имаше напад на веб страната на ДИК и на агрегатот за вести што значи дека никој не е имун и не можете од такви потези сосема да се заштитите дури и ако ја дадете нај драконската можна казна. Но, она што сакам да го пренесам како апел и покрај атрактивноста на ширење на лажни вести како политичка алатка е, пред се, одговорноста лична, политичка и институционална е многу важна и дека таа се однесува и на политичките партии без оглед дали се тие партии на власт или во опозиција“, вели Попоска.
Дехран Муратов
камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети
Целото интервјуто е 35 минути и може да се погледне ТУКА: