Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, присуствуваше на протестот на Здружението на новинари како поддршка на новинарот и претседател на ЗНМ, Насер Селмани, како претставник на Владата.
„Во име на сите коалициони партнери на Владата на Република Македонија, најостро го осудуваме вербален напад и сите напади врз новинарите што се случуваат врз новинарите во Македонија без разлика од која страна тие доаѓаат. Ве уверувам дека оваа Влада има нулта толеранција кон било какви закани и учени кон новинарите“, изјави Поповски пред присутните претставници на медиумите.
Поповски, исто така, истакна дека не е Владата единствената институција или институциите на Владата не се единствените што треба да си ја завршат својата работа.
„Јавното обвинителство е на потег за случајот Селмани бидејќи МВР експресно си ја заврши работата и за тоа го информираше Јавниот обвинител Јовевски“, рече Поповски и повика секогаш стојат на располагање и замоли за каков било проблем, цензура, притисок, закани, да ги информираат за да можат навремено да реагираат.
Биљана Јордановска