Обично не реагираме на вашата валкана пропаганда против граѓанското општество и граѓанските медиуми, но сега чувствуваме обврска кон јавноста, кон жртвите од трагедијата во Кочани и нивните семејства да ги разбиеме вашите подли намери и злоупотреби.
Кампањата со дезинформации што започна во маргинални портали и со партиски Вибер пораки, ја развивте во ТВ кампања.
Денеска испративме соопштение до медиумите во кое, меѓу другото, стои:
ФАКТ: Организатор на јавниот собир на 18 март, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со почеток во 18 часот е граѓанската иницијатива „Кој е следен?“.
Како и во случајот со долга низа претходни кампањи слични на оваа, ширењето и на оваа лага не се потпира само во внесувањето забуна за тоа кој е организатор на собирот, туку е придружена со манипулативни наративи и говор на омраза со кои се нанесува штета и на вистинскиот и на наводниот организатор, а најмногу на правото на граѓанско учество. Со зборовите „ѓубриња ниедни“, ЦИВИЛ и нејзиниот претседател Џабир Дерала, се клеветат дека „повторно се обидуваат да профитираат на грбот на жртвите“ и дека „се обидуваат да манипулираат со народот и да поттикнат нова Шарена Револуција“.
Прочитајте го целото соопштение на ЦИВИЛ тука.
Ние не сме важни во оваа ситуација. Но тоа што во овој миг треба да го сторите ВИЕ е:
ДА ИМ СЕ ИЗВИНИТЕ НА ЈАВНОСТА, НА ЖРТВИТЕ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА ЗА ОВАА ВАЛКАНА И ПОДЛА МАНИПУЛАЦИЈА!
Следниот пат кажете им НЕ на нарачателите кога ќе побараат од вас да се занимавате со подла и валкана пропаганда.
Ова што го правите е грдо сведоштво за целосно отсуство на совест и сочувство.
Срам да ви е!!!