• Latest

Послушајте патриоти

June 13, 2018
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Послушајте патриоти

June 13, 2018 10:48
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Фала Заев! Фала за историското ДА за македонската иднина. Кажа  ДА во името на оние што го сакаат својот македонски дом. Фала за храброста и патриотизмот, за одважниот чекор од седум милји. 

Пишува: Џабир Дерала

Две и пол децении го носиме самарот ФИРОМ на грбот, понижени и обележани како “привремени”.
Заев ни го донесе имотниот лист што беше заклучен зад седум брави, чуван од керберите на сопствениот балканскиот инает, но и од неспособноста, нерешителноста и кукавичлукот.

Две и пол децении се расправавме, често и со висок тон, за нашето име, по светот и дома, го браневме идентитетот и јазикот, како што знаевме и умеевме. Наспроти сето горчливо искуство од арамилакот што се криеше зад божемниот патриотизам, што во суштина беше сталинизам и етно-радикализам. Дури и рускиот амбасадор при ЕУ, Владимир Чижов, кажа дека баќушките го поддржуваат решението на спорот со името. Океј, не пропушти да каже и некој збор против НАТО, но тоа му е работа…

И да! Помина времето кога право на патриотизам и одбрана на тоа што е македонско им беше дозволено исклучиво на оние што ги вееја знамињата на омразата и насилството. Сега гордоста и достоинството, широчината и мудроста се на нашата страна од патот кон македонската иднина. На страната на сите Македонци и нивните сограѓанки и сограѓани. Направивме историски исчекор кон иднината, патриотски, а не националистички.

Денеска треба да му честитаме и на грчкиот колега на нашиот премиер. Ципрас вети дека ќе го реши спорот со името без оглед на цената што ќе ја плати. Го исполни своето ветување, наспроти силниот притисок од националистите и црквата, спонзорирани од кујната во Кремлин.

Денот кога решението на деценискиот спор ни го соопшти премиерот Заев ќе го помниме со доза неопходна патетика, но и со смеа, со типично балкански зачини. Ќе го запомниме кутриот новинар-камерман на Инфомакс кој не успеа да ги прочита пораките од гротескниот агитпроп центар на својот телефон. Прочитајте си, прочитајте си – благонаклоно му дофрли Заев од говорницата, а ние низ смеа евоциравме спомени од времето кога во парламентот кружеа ливчиња со прашања од сега осудениот Груевски…

Смеата продолжи во раните вечерни часови, по историското соопштение… Мицкоски излезе на прес-конференција нервозен, груб и несигурен. Во својот говор, онака прописно испотен, тој уште еднаш покажа дека упорно го следи сценариото за дополнително тонење на политичката сцена.

Мицкоски и партијата што Фамилијата му ја тутна в скут го поставија курсот на деструкција и понатамошна маргинализација на политичката сцена. Од тоа, се чини, враќање нема. На здравите и модерни структури во партијата, сега во внатрешна опозиција, ќе им биде многу тешко да ја извлечат партијата од политичките загуби кои допрва му претстојат на ДПМНЕ. Но, доколку останат патриоти, а не националисти, ќе ѝ помогнат на најголемата опозициска партија да ѝ дадат нов курс, македонски, а не Фиромски.

И да ги потсетиме големите „хигиеничари“ дека позициите на нашите преговарачи во овој дипломатски блиц-криг кој го предводеа модерните премиери на македонската и грчката стана, ќе беа неспоредливо посилни. Да не ни се случеше 11-годишен погром кој го спроведе Фамилијата и нивниот налудничав проект Скопје 2014, приказната ќе течеше и поинаку, а работата на македонските патриоти ќе беше полесна. Но, да не се враќаме во минатото, време е за македонската иднина. Морав уште еднаш да го цитирам ова. И ќе го цитирам уште многу пати.

Затоа што, конечно, го оставаме ФИРОМ зад нас, кратенка како да сме небеско тело од периферијата на некоја галаксија. Ги оставаме зад нас тешките тегови што нѐ влечат надолу, во глупост, сиромаштија и изолација.

Го имаме имотниот лист в рака. Наесен, треба да му ставиме и печат.

Tags: ЗаевимеМицкоскипатриоти
Share285TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ