• Latest

Почнува процедурата за избор на директор на ОТА

May 21, 2018
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Почнува процедурата за избор на директор на ОТА

May 21, 2018 07:33
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Јавен оглас за избор на директор на Оперативно-техничката агенција, која со реформите на процесот на прислушувањето, треба да биде медијатор меѓу институцијата, која бара спроведување ПИ-мерки и онаа која ги спроведува е на дневен ред денеска на 46. седница на Собранието. 

Пратениците ќе треба да се изјаснат за предлог-одлуката за објавување јавен оглас за избор на директор на ОТА.

Агенцијата со амандманските измени на Закокот за формирање на ОТА ќе има само директор, а не и заменик, како што претходно беше предвидено.

Директорот го избира и разрешува Собранието на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Се бира со двотретински мнозинство и со бадинтерово мнозинство. Има мандат од пет години, без право на повторен избор.

За избор на директор се објавува јавен оглас во најмалку два дневни весници, кои се издаваат на целата територија на Република Македонија, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

Законите за следење на комуникациите и за ОТА, кои беа дел од пакетот реформски закони беа усвоени на 12 минатиот месец. Тие беа донесени со консензус, постигнат по разговорите во работните групи од страна на пратениците од владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Незаконското прислушување на над 20 илјади лица во Македонија, што со години го спроведувала поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ, а на почетокот на 2015 година го објави тогашниот лидер на опозицијата, Зоран Заев, преку проектот „Вистината за Македонија“, предизвика вистинска експлозија и во јавноста и во политичкиот естаблишмент, но и кај меѓународната заедница, со што повторно се актуелизира прашањето за безбедноста на системот за следење на комуникациите во земјата.

Поради тоа една од препораките на Прибе во процесот на реформите беше итно менување на начинот на кој се спроведува прислушувањето, со цел заштита на приватноста на граѓаните.

Во законското решение се прецизира дека ОТА не поседува технички можности за пристап до содржината на следената комуникација. ОТА е исклучиво техничко тело, кое нема можност да ја следи содржината на комуникациите, кои се предмет на ПИ-мерките.

Законското решение предвидува свичовите да се извадат надвор од УБК. Тоа се медијациските уреди што овозможуваат комуникација меѓу сигналот и провајдерите и техника за следење на комунукациите.

– Улогата на ОТА ќе биде само техничка, по добивањето на наредбата таа ја вклучува мерката, што подразбира дека го пренасочува сигналот кон корисникот односно барателот на услугите, тоа е нивниот дел, тие нема да можат да собират податоци, да слушаат, само можат да го вклучат сигналот. Сигналот го пренасочуваат кон корисникот кон барателот, тој пак ќе може само да слуша да собира податоци нема да може да приклучува. Сакаме да воспоставиме реална контролна моќ, тоа значи агенцијата ќе може да вклучува, ама нема да може да слуша, барателот ќе може да слуша, ама нема да може да вклучува, појаснува директорот на УБК, Горан Николовски.

ОТА се очекува да почне со работа од ноември 2018 година, а дотогаш за заштитата на приватноста на граѓаните и за спречување на евентуални злоупотреби веќе се грижи специјален подофицер, со свој тим.

МВР засега не соопштува каде ќе биде сместена ОТА, колку вработени ќе има, ниту пак колкави ќе бидат финансиските импликации за спроведувањето на овие реформи.

За реформите е склучено стратешко партнерство со хрватската служба, која е креирана по пример на британската. (МИА)

Tags: директоризборМВРОТАСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ