ЗОРАН ИВАНОВ
Политичкиот лидер на ДУИ, претходно воен лидер на ОНА, ја разбира но никако да ја прифати демократијата и да излезе од зад грмушките со едното око зад нишанот, некако тешко му паѓа плурален речник па еве, денеска повторно, овој пат преку својот ФБ профил пак се обидува да си ги употреби Албанците со повикот до ВРЕДИ да ги напуштат институциите во кои, по цели две децении, постизборно ја компензираат неговата ДУИ, преведено, политичките структури на Албанците во Северна Македонија да создатат институционална криза па натаму, натаму здравје, во некакви матни кризни околности мудриот лисец да си го поврати загубениот трон и, наместо да проектира кризи и да ја урива државата, наместо да ги повикува ВРЕДИ да му бидат партнери во правењето криза за уривање на државата, би било по посакувано, таа енергија, таа негова нескротлива страст за власт, да ја употреби и да ја насочи во уривање на актуелната ЕУ блокада зашто, и според неговите постојани пораки, европскиот, нели, е единствениот развоен пат и за Албанците и за оваа и нивна држава, па, оттука, кажано и во оваа една реченица, повикот до ВРЕДИ за криза, од воен победник, забрзано го турка Али кон политички губитник.