• Latest

Позитивни пораки за Македонија од ЕУ и НАТО

June 23, 2018

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Молдавската проруска партија не ги признава резултатите од изборите и се заканува со протести

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Позитивни пораки за Македонија од ЕУ и НАТО

June 23, 2018 09:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По потпишувањето и ратификацијата на Договорот за решавање на спорот за името и најавата за доставување писма од Грција до ЕУ и НАТО стануваат реални очекувањата дека Република Македонија следната недела ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, а во јули и покана за членство во НАТО.

Канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, упати писмо со честитки до премиерот Заев во кое оценува дека спогодбата за македонско-грчкиот спор за името го отвора патот за историски договор, и воeдно наведува дека Берлин со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој Договор и силно ќе го поддржи.

Германската Влада, пак, препорача отворање преговори со Македонија за членство во ЕУ. Во писмо упатено до Бундестагот, германската Влада оценува дека реформскиот биланс на македонската Влада говори во корист на почеток на преговори за членство во ЕУ на претстојниот Самит на Унијата следната недела.

– Одобрувањето (одредувањето датум за почеток на преговори) ќе биде вистинскиот позитивен сигнал за македонската Влада, која фокусирано го следи реформскиот курс наспроти политичкиот притисок од внатре и однадвор. Сепак, условеноста мора да биде задржана, се наведува во писмото што го пренесе Дојче веле на македонски јазик во кое се наведуваат и областите каде се потребни видлив реформски напредок.

ГЕРМАНСКА ВЛАДА.jpg

Во меѓувреме и Холандскиот Парламент одлучи да даде зелено светло Македонија да почне преговори со Европската унија.  Премиерот Зоран Заев очекува дека по демонстрираниот, како што вели, европски манир од македонска страна, поддршка за пристапни преговори ќе стигне од сите земји – членки на ЕУ па и од Франција, која зедно со Холандија важат за силни противници на проширувањето со инсистирање прво да се спроведат реформи во самата Унија.

–  Реформи се прават и во ЕУ, но можат паралелно да се прават додека Македонија преговара за членство. Поглавјата и преговорите ќе траат со години, а унапредувајќи се како држава Македонија може да помогне и во унапредувањето на Европа паралелно терајќи ги преговарачките процеси. Јас се надевам дека ќе омекне и срцето на претседателот на Франција Макрон, ги разбирам внатрешните дебати кои се отвораат во Франција, но Франција е наш голем пријател. Ако Германија, Франција, Велика Британија, Италија и други земји одат напред, тогаш и Европа ќе се движи напред, а мотивацијата на нашите граѓани ќе биде уште поголема, изјави Заев вчера на новинарско прашање по стартот на изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

Заев во Ранковце

Франк Шаусбергер, специјален советник на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, исто така, смета дека земјите членки на ЕУ, а пред се „скептиците и кочничарите“ од Франција, Холандија и делумно од Германија, на Самитот на Унијата следната недела, треба да го признаат постигнатиот напредок со потпишувањето на договорот меѓу Скопје и Атина и да дадат зелено светло за почеток на пристапните преговори со Македонија.

Шаусбергер во текст за австриски „Пресе“ оценува дека Договорот за долгогодишниот спор за името на Македонија би можел да предизвика голем број позитивни последици за регионот и за цела Европа.

Јенс Столтенберг

Што се однесува за НАТО, генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтелнберг изјави вчера дека на Самитот во јули се очекува Македонија да биде поканета за преговори за членство во Организацијата.

– Оптимист сум дека ќе биде донесено такво решение, како и за тоа дека на референдумот во Македонија ќе има мнозинство за поддршка на договорот со Грција, нагласи Столтенберг.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вчера изрази уверување дека на Самитот на НАТО што треба да се одржи на 11 и 12 јули Македонија ќе ја има обезбедено поддршката од сите членки на Алијансата за да ја добие поканата за членство, затоа што исполнила големи домашни задачи, што, како што рече, се големи аргументи во полза на нашето членство во Алијансата.

– Доколку тоа се случи, мислам дека и во поглед на Македонија ќе се почитува процедурата која важи и за другите земји членки и оти тој период би бил од една до една и пол година, во зависност од тоа каква е процедурата во државата и во земјите членки, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашања по потпишувањето на договор за времено користење на простории во Домот на АРМ од страна на Сојузот на борците од НОБ и антифашистичката војна на Македонија.

Коѕијас

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вчера најави дека во недела ќе ги потпише, а во понеделник наутро ќе бидат испратени писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евро-атлантска  интеграција на Македонија. Говорејќи пред новинарите на крајот од Конференцијата за стабилност и безбедност на грчкиот остров Родос, како што јави дописничката на МИА од Атина, Коѕијас рече дека минатиот петок, пред потпишувањето на договорот, без да биде обврзан, испратил писмо до генералниот секретар на НАТО, во кое го известува и ги поставува предусловите со кои треба да биде поврзана поканата за членство, односно оние услови што ги предвидува самиот договор.

Во однос на новите писма, Коѕијас потврди дека ја добил нотата од македонското МНР дека договорот беше ратификуван, а во понеделник Грција ќе го исполни нејзиниот дел од обврските. Тој појасни дека за да има напредок „потребен е позитивен договор на Советот за општи работи, а таму постоја тешкотии“, бидејќи, како што рече, има земји што се спротивставуваат во овој момент да се даде датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ.

– Нема да биде добро да се случи такво нешто, коментираше шефот на грчката дипломатија

Советот на ЕУ за општи работи в понедленик и во вторник ќе разгледува почеток на пристапни преговори на Албанија и на Македонија. В четврток и петок е состанок на шефови на држави и влади на членките на Унијата. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУМакедонијаНАТО
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ