Надворешната политика станува клучна тема на дебата. Дали владата ќе продолжи со европскиот пат или ќе воведе нови стратегии во односите со соседите и меѓународните партнери?
Како ќе се постави владата кон спорните прашања со Бугарија, каков став ќе има за преговорите со ЕУ и какви ќе бидат односите со големите меѓународни сили? Ова се прашања што го засегаат секој граѓанин, бидејќи надворешната политика директно влијае врз економијата, безбедноста и перспективите на земјата.
Редакција ЦИВИЛ Медиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа