Вчера, во Саудиска Арабија, на преговарачка маса седнаа претставниците на САД и Русија, да договорат крај на војната во Украина, која започна пред речиси 3 години, со целосна воена инвазија на Русија врз Украина. На преговорите не беа повикани Украина и ЕУ.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за преговорите помеѓу САД и Русија без учество на Украина и ЕУ?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа