Пратениците во косовскиот парламент од Движењето „Самоопределување“ Албин Курти и Доника Кадај-Бујупи и понатаму останат во притвор.
Судот во Приштина го одби барањето на нивната одбрана за ослободување и замена на притворот со друга мерка.
На тројца пратеници на „Самоопределување“ им се суди за фрлање солзавец во собраниската сала кога на дневен ред беше ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Судот го одби и барањето на третата пратеничка, Албулена Хаџиу, која е во домашен притвор да се повикаат како сведоци повеќе од 20 пратеници кои биле присутни во парламентот.
Според судот, нивните сведоци, во овој случај, засега се нерелевантни.
На денешното рочиште Курти, кој е поранешен лидер на „Самоопределување“ по прв пат призна дека фрлал јајца, молотов коктел и солзавец, со цел да не се дозволи формирање Заеднца на српски општини и да не се ратификува демаркацијата на границата со Црна Гора.
Пратениците Курти, Хаџиу и Бујупи беа уапсеи на влезот на зградата на Собранието на 30 ноември. Налогот за апсење го издаде Основниот суд во Приштина затоа што не се појавија на рочиште за случајот со фрлање солзавец во Парламентот.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.