• Latest

Пратениците расправаа за укинување на Законот за поддршка на домашната музичка продукција

February 28, 2018

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пратениците расправаа за укинување на Законот за поддршка на домашната музичка продукција

February 28, 2018 13:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за култура денеска го разгледа Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција во прво читање и оцени дека е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање. 

Предлагачот на Законот, министерот за култура Роберт Алаѓозовски потсети дека овој закон е донесен од Собранието на Република Македонија во 2013, а се применува од 1 јануари 2014 година. Законот треба да се применува до 31 декември 2023 година, односно за десет години од буџетот на државата би требало да се обезбедат околу пет милиони евра.

Со законот се уредуваат постапките за поддршка на домашната музичка продукција, преку финансирање конкурси за нови вокално-инструментални композиции. Носител на активностите за имплементација на законот е Македонската радио-телевизија, која преку четири конкурси годишно треба да субвенционира создавање 200 нови композиции, 150 од народната и забавната музика и 50 детски композиции.

– Ние предлагаме да се укине важењето на овој закон бидејќи досегашната имплементација во пракса не ги даде очекуваните ефекти. Повеќето од композициите воопшто не наидоа на прием, ниту беа слушнати од пошироката јавност, ниту беа промовирани, а не беа ни често изведувани на МРТВ, рече Алаѓозовски и додаде оти од тука се поставува прашањето за нивниот квалитет и за оправданоста од ваквиот начин на финансирање.

Покрај неостварувањето на целта на Законот, Алаѓозовски потсети дека на повеќе јавни дебати авторите, изведувачите и МРТВ укажувале дека неговото спроведување покажува слабости и нефункционалност на постапката за избор на композиции.

Никица Корубин од ЛДП нагласи дека државата во овој закон дефинира што е уметност, а што не.

– Ова е скандалозно законско решение поради две одредби кои се најконтроверзни-композиции со кои се афирмираат семејни вредности во општеството и многудетни семејства и композиции со кои се афирмира историјата на Република Македонија, рече Корубин.

Ова е втор закон кој се укинува на предлог на Министерството за култура, по укинувањето на титулата национален уметник.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: законкомисијаСобраниесубвенции за македонска музичка продукцијаукинување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ