• Latest

Празнични белешки и пропуштени лекции: Медиумите под опсада, од Хитлер до денес

August 5, 2024

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Празнични белешки и пропуштени лекции: Медиумите под опсада, од Хитлер до денес

August 5, 2024 08:38
in ES-PRESS-O, КОНТЕКСТ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Долгиот илинденски празничен викенд беше одлична прилика да се видат режисерските верзии на „Бунтовната месечина“ на Нетфликс што пригодно востанички беа прикажани токму на македонскиот Илинден, 2 август.

Скопската верзија на викендот беше долга и не премногу топла. Настани имаше малку, освен редовната неинвентивна и здодевна „државно-црковна“ и коњичко-медиумска патетика. Но претежно беше тивко. Дури и пожарите некако стивнаа (или барем известувањето за нив) така што имаше повеќе од доволно медиумски простор да се проследат славеничките походи на Крушево и Прохор Пчински. За сѐ да се задржи во духот на вообичаената пригодно-патриотска селска идила, придонесе и тоа што косовската претседателка беше инволвирана во турканица со обезбедувањето на аеродромот во Скопје, што прерасна во дипломатска кавга.

Така, понесен од востаничкиот сенароден занес, ги изгледав верзиите на Rebel Moon со вкупно времетраење од речиси 6 и пол часа. Потоа, прелистувајќи го менито на Дизни плус, решив уште еднаш да го гледам германскиот документарен филм „Хитлеровата битка против печатот“ (Hitler’s Battle Against The Press / Schlagzielen gegen Hitler, National Geographic, 2018).

Ако сте пропуштиле да се воздигнете во патриотски дух и да видите како други политички лидери се истакнале во својата патриотска битка против предавничките медиуми, го препорачувам токму тој документарец.

Во филмот се опишува како членовите на редакцијата на „Минхенски пост“ (Münchener Post) во 20-те години на минатиот век го ризикувале животот за да опстане новинарството и демократскиот дух во јавноста. Вистински предавници, нели? Постојано и гласно укажувале на опасноста од нацистите, долго пред, а уште пожестоко по нивниот подем и доаѓање на власт. Нивната редакција своевремено била и прибежиште за прогонуваните од режимот. Но нацистите се погрижиле новинарите и уредниците на овој храбар весник да дознаат дека владеењето на правото е суспендирано, со притисоци и закани, а потоа и со репресалии и конечно уништување на весникот. По поразот на нацистите во 1945 година, еден од уредниците на „Минхенски пост“, Едмунд Голдшаг, е коосновач на „Зиддојче Цајтунг“. Некои од новинарите и уредниците не успеваат да го преживеат нацизмот. Дел од тие што избегале од прогонот и концлогорите, никогаш не се вратиле во Германија.

Минатото е лекција за обликување на сегашноста и иднината. Ако не се пропушти, се разбира. За жал, човештвото се покажува како лош ученик кој редовно ги пропушта најважните лекции. Балканските народи се посебно лоши ученици.

Несомнено, Хитлер бил посебно иритиран и не се воздржувал постојано и јавно да го прозива и да му се заканува на весникот, а секако и да го тужи уредникот на „Минхенски пост“, Мартин Грубер. Очекувано, судот пресудува во корист на Хитлер. Освен што Хитлер и неговата пропаганда водат континуирана кампања да го дискредитираат весникот во јавноста и го малтретираат уредникот со тужби, партиските милитанти на НСДАП (нацистичката партија) не ја штедат редакцијата ни од насилни физички напади.

Во ноќните часови, во деновите на обидот за пуч во 2017 година – пардон, во 1923 година – нацистите ја вандализираат редакцијата, ја уништуваат архивата и крадат сѐ што е потребно за нормално одвивање на работата на весникот. Нападите продолжуваат и понатаму, како што и весникот продолжува да се бори против нацистичката наезда до последниот миг.

И да не раскажувам понатаму, мислам дека сѐ е јасно. Само препорачувам – овој документарец може да се гледа и постпразнично, бидејќи борбата, нели, не продолжува, туку – трае.

Веќе знаете, минатото е лекција за обликување на сегашноста и иднината. Ако не се пропушти, се разбира. За жал, човештвото се покажува како лош ученик кој редовно ги пропушта најважните лекции. Балканските народи се посебно лоши ученици.

Но, ниту минатото, ниту сегашноста не може да се избришат или прекројат. Дури и иднината веќе не е неизвесна. Слепилото на масите не може да го избрише овој факт.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани | ЦИВИЛ МЕДИА
CIVIL TODAY | Holiday Reflections and Unlearned Lessons: Media Under Siege, From Hitler to Today
Print Friendly, PDF & Email
Tags: историјамедиумски слободиХитлер
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ