• Latest
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Предвремените избори – шок за системот, ветувања за бесплатен градски превоз, бесплатно овошје за средношколците, продолжува политичката злоупотреба на деца

September 28, 2021
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Предвремените избори – шок за системот, ветувања за бесплатен градски превоз, бесплатно овошје за средношколците, продолжува политичката злоупотреба на деца

September 28, 2021 17:21
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Избори, 2017 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Втор ден од изборната кампања, со разни ветувања: за бесплатен градски превоз во Скопје, бесплатно овошје за сите средношколци, борба со урбаната мафија… Продолжува политичка злоупотреба на деца во изборна кампања. ЦИВИЛ со став за најавите за можни предвремени избори: Тие се шок за системот. И скапи се. Затоа, силна препорака на ЦИВИЛ е изборните процеси да се одржуваат во редовните термини.

ЦИВИЛ е секогаш подготвен за избори, но тоа не значи дека сме ние нешто претерано добри, туку дека во земјава речиси секоја година има избори, па едноставно кога ќе заврши едниот изборен процес, ние веќе се спремаме за наредниот, истакна Џабир Дерала во денешното гостување во „Утрински брифинг“, на „Слободен печат“.

Став за најавите за можни предвремени парламентарни избори

Предвремените избори се шок за системот. Тие дополнително го поларизираат општеството и штетно влијаат на бизнисот и економијата. Изборите ја одложуваат, а неретко и ја прекинуваат имплементацијата на важни процеси и проекти. И скапи се. Затоа, силна препорака на ЦИВИЛ е изборните процеси да се одржуваат во нивните редовни термини.

Повиците за предвремени избори се интензивни, што веројатно е директниот повод за отворање на дискусијата за предвремени парламентарни избори. Барањата на опозицијата за поединечни оставки може да се оправдани или неоправдани, но барањата за предвремени избори од опозицијата не се доволна причина за тие и да се прифатат. Владата е одговорна за нормално функционирање на државата и не е должна да ги задоволува апетитите за власт на одредени политичари.

Политичка злоупотреба на деца во изборната кампања

Мониторингот на ЦИВИЛ бележи случаи на политичка злоупотреба на деца во изборната кампања.

Со овие постапки се крши Член 12 став 4 од Законот за заштита на децата во кој се вели: „Се забранува злоупотреба на децата поради политичко и верско организирање и дејствување“. Ова, според нашите правни експерти, подразбира општа забрана за употреба на децата во било каква форма на политичко дејствување, вклучувајќи и политичка изборна кампања.

  • Ахмети и Бејта со злоупотреба на деца во изборна кампања
  • Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода со злоупотреба на деца во изборна кампања
  • Злоупотреба на деца и државни ресурси во (пред)изборна кампања

ВМРО-ДПМНЕ ветува речиси 15 илјади проекти

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Вевчани, Двориште, Дебарца – с. Белчишта, Струга, и Ресен.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вети проекти на развој, проекти за грижа за луѓето и за подобрување на инфраструктурата, проекти за поквалитетна животна средина, проекти кои ќе нè доближат близу до европските градови и држави.

„Вкупно програмите содржат 14.835 проекти од различни сфери и области и се решенија за реалните проблеми на народот, за таа нова иднина вреди да се бориме“, истакна Мицкоски.

СДСМ ветува дека ќе продолжи да работи како и досега

Коалицијата предводена од СДСМ ќе ја претстави изборната кампања „Најдоброто за мојата општина“ во општините Чаир, Кисела Вода и Петровец.

Од СДСМ велат дека Мицкоски може да понуди единствени 14.835 блокади и лажни вести со кои ќе им нанесува штета на граѓаните и државата, а не проекти.

„Таквиот однос кон сопствената држава, кон сопствениот народ му е рецепт за уште еден нов, седми пораз по ред на изборите“.

„Голем дел од општините во изминатите четири години беа предводени од СДСМ. Работевме посветено, вредно и напорно, и таа силна динамика мора да продолжи. Служењето на граѓаните продолжува, а победата на овие локални избори ќе биде потврда и за политиките на централно ниво“, велат од СДСМ.

ГРАД СКОПЈЕ

Бесплатен јавен превоз за сите скопјани и денеска вети кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, а актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов, кој е во трка за втор мандат, пак, вели дека е запрепастен од евтините и популистички ветувања.

„Ако може тоа да функционира некаде, зошто не кај нас? Сведоци сме на лошо работење на ЈСП поради непродуктивни трошоци, непостоење систем за брз и ефикасен превоз. Решението за БРТ ниту е добро ниту пожелно за Скопје и со него ама баш ништо не се решава, туку само дополнително се комплицира. Ќе се преместуваат мостови, ќе се сечат дрвја по ’Партизанска’, ќе се направи гломазен нефункционален систем. Секогаш одиме по комплицираниот пат кога пред нас имаме едноставни решенија. Време е тоа да престане“, порача Арсовска ветувајќи и воведување ноќни линии посебно во викенд, како и нови автобуски линии и нови постојки.

Шилегов презентираше пакет од социјални поволности во кои има бесплатен градски превоз за одредени категории граѓани, кои во најголем дел веќе ги имаат овие поволности. Неговиот пакет за финансиска поддршка на скопјани се состои од:

„Бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје, секој ден во неделата, како и за лицата со ретки болести и постдипломците и докторандите кои студираат во Скопје; бесплатен медицински транспорт за лицата во трета доба и лицата со попреченост до здравствените институции во градот; 50 проценти поевтин оброк за учениците за време на престојот во училиште; 100 стипендии од 12 000 денари за најдобрите средношколци во Скопје и бесплатно овошје за сите средношколци додека се во школо; субвенции до 50 отсто за згрижување деца во државните градинки; финансиска поддршка на парови за биомедицинско потпомогнато оплодување.

Кандидат за градоначалник на Град Скопје, Ана Петровска, од Зелен хуман град вели дека решенија за проблемите на Скопје и скопјани има! Потребни се стручни и непоткупливи луѓе на чело на Град Скопје, со една единствена цел – заштита на граѓаните од урбанистичката мафија.

„Сега е крајно време да си ги зачуваме и вратиме јавните простори, да ги прошириме парковите, да ја спречиме бетонизацијата на градот. Врвен приоритет ставаме на хигиената, на олеснување на движењето на нашите граѓани и на намалување на загадувањето. Скопјани заслужуваат зелен и хуман град“, вели таа.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ:

– Демократската Унија за Интеграција изборната кампања ја продолжува во Тетово.

– Движењето „Одлучно за промени“ предводена од ДОМ и ЛДП, ќе се претстави во Берово и Виница.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ