• Latest
Будимпешта, април 2026 (фото: ЦИВИЛ)

(ПРЕГЛЕД) Еден непријател не е доволен: Како се гради и троши моќта на Орбан

April 10, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

(ПРЕГЛЕД) Еден непријател не е доволен: Како се гради и троши моќта на Орбан

April 10, 2026 16:54
in АКЦЕНТ, ВЕСТИ, ЕВРОПА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Будимпешта, април 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Будимпешта, април 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Во серија текстови за Унгарија, ЦИВИЛ Медиа го анализира владеењето на унгарскиот премиер Виктор Орбан кој е на власт непрекинато веќе 16 години, во пресрет на клучните парламентарни избори во таа земја што ќе се одржат на 12 април.

Политичкиот аналитичар Љубомир Костовски пишува за систем што функционира по јасна и пресметана логика: создавање непријатели, управување со стравот и одржување на контрола преку постојана конфронтација.

Оваа стратегија се гради со години, со помош на политички консултанти и медиумски наративи. Непријателите се менуваат, но принципот останува ист. Прво беа мигрантите и муслиманите. Потоа дојде „либералниот Запад“. Денес, централното место во пропагандата во пресрет на унгарските избори го зазема Украина — земја која води егзистенцијална борба за опстанок, но во наративот на Орбан станува алатка за внатрешна политичка мобилизација.

Орбан изгради блискост со Владимир Путин, ја проблематизира европската поддршка за Кијив и се претставува како некаков посредник. Неговите т.н. „мировни мисии“ — од Кијив до Москва, преку Пекинг до Вашингтон без согласност и координација со ЕУ, имаат силен политички ефект: создаваат впечаток на лидер кој дејствува надвор од рамките, самостојно, па дури и спротивно на заедничките политики.

Но зад оваа динамика стои уште посложена игра. Орбан се обидува да балансира меѓу најголемите глобални центри на моќ — Москва, Пекинг и Вашингтон. Тоа е амбициозна, но ризична стратегија. Како што сугерира Костовски, тоа е обид да се носат „три лубеници под една мишка“ — нешто што неминовно води до губење рамнотежа.

Паралелно со оваа политичка архитектура, се одвива и една друга, потивка, но не помалку опасна операција — онаа на наративите. Во својата анализа, Џабир Дерала предупредува дека пропагандната машинерија околу Орбан функционира како „артилерија“ во пресрет на изборите, каде што безбедносни инциденти — во соработка со Белград и поддршка од Скопје — можат да бидат инструментализирани како дел од контролирани кризи или „лажни знамиња“, со цел да се влијае врз јавноста и изборниот исход.

Во друга анализа, Дерала укажува на уште подлабок слој — руските дигитални операции за влијание врз изборите во Унгарија. Овде повеќе не станува збор само за реторика, туку за координиран систем на дезинформации и влијание, кој преку медиумски мрежи, социјални платформи и политички пораки создава паралелна реалност, во која фактите се релативизираат, а перцепциите се насочуваат.

Така, она што Костовски го анализира како политичка стратегија на создавање непријател, анализите на Дерала се фокусираат на функционирањето на поширок механизам: синергија меѓу политика, пропаганда и хибридни операции. Во сите анализи може да се препознаат линковите и со политичките елити во земјите во регионот, во прв ред Србија и Северна Македонија.

Паралелно со надворешната политика и пропагандната машинерија, се појавуваат сериозни пукнатини внатре во системот. Аферата што јавноста ја препознава како „Унгарски Вотергејт“ отвора прашања за злоупотреба на безбедносните служби и нивна политичка инструментализација. Обидите за компромитирање на опозицијата, манипулацијата со податоци и создавањето наративи за „украински шпиони“ укажуваат на нешто подлабоко: страв од губење на контролата.

Кога системот почнува да се ниша под притисок на опозицијата предводена од Петер Маѓар кој води во анкетите во пресрет на изборната пресметка на 12 април, наративите за „непријателот“ стануваат уште поинтензивни. Но токму во тој момент, стратегијата почнува да се троши. Наместо да ја зацврсти позицијата, прекумерната конфронтација ја слабее. Наместо да донесе стабилност, создава нови ризици.

Костовски и Дерала, секој од своја перспектива, всушност ја опишуваат истата архитектура: модел на власт што се храни од поделби, од контрола на наративите и од внимателно избрани конфликти. Но и модел кој, кога ќе се пренапрегне — почнува да се распаѓа одвнатре.

Според најавите од авторите, може да се очекуваат уште две анализи во пресрет на изборниот ден во Унгарија.

ЦМ Деск

ИЗРАЕЛСКИТЕ ЧУВАРИ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (2): Најновиот непријател беше избран во 2024 – Украина

ИЗРАЕЛСКИТЕ ЕКСПЕРТИ И ОРБАНОВИОТ ПОСЛЕДЕН ОБИД ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ: Најди си добар непријател!

Пропагандна артилерија за спас на Орбан: Кој сѐ е ѓуле во операцијата „лажно знаме“

Како функционира руската дигитална операција за влијание врз изборите во Унгарија

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ