• Latest

Преглед на настани: Антикорупциски план „Акција 21“, Морачанин вели дека стабилноста на коалицијата не е нарушена, апликацијата за попишување не е пробиена

March 2, 2021
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Антикорупциски план „Акција 21“, Морачанин вели дека стабилноста на коалицијата не е нарушена, апликацијата за попишување не е пробиена

March 2, 2021 17:15
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Усвоен планот за борба против корупција „Акција 21“

Со овој акциски план ќе се спречи корупцијата на Владата и ќе се расчисти со коруптивните остатоци од минатиот режим, рекоа денеска премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски, на презентацијата на акцискиот план за борба против корупцијата.

„Го усвоивме планот за борба против корупцијата наречен ‘Акција 21’. Првите два приоритети се борба прочистување на правосудството и борбата против корупцијата, а планот е производ на политичката волја како Влада да се избориме против корупцијата“, рече премиерот Заев.

фото: МИА

Заев и Николовски истакнаа дека планот ги содржи сите забелешки, препораки и барања на невладините организации, на Граѓанската платформа за борба против корупцијата, на „Транспаренси“, на Државната комисија за спречување на корупцијата, на регулаторните тела и сите забелешки и препораки од стратешкиот партнер-САД, Извештајот на ЕК, и од сите релевантни институции кои ја следат состојбата во државата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Морачанин: Како пратеници од зелената партија ДОМ во Собранието ќе дејствуваме како независни пратеници.

Во контекст на „осомостојувањето“ на помалите политички партии со свои независни пратеници во Собранието, ЦИВИЛ Медиа ја праша претседателката на ДОМ, воедно и пратеничка во Собранието, Маја Морачанин, што значи да се биде независен, а да се остане дел од Коалицијата „Можеме“, односно за што точно се работи.

„Како пратеници од зелената партија ДОМ во Собранието ќе дејствуваме како независни пратеници. Согласно деловничките одредби, таквиот статус дава поголеми можности за реплики, процедурални забелешки, односно подобра промоција и видливост на нашите зелени вредности и приоритети. Затоа и во минатиот мандат дејствувавме на тој начин. Нашето дејствување како независни пратеници воопшто не е поврзано со актуелните теми во јавноста, за стабилноста на мнозинството и Владата. Остануваме дел од коалицијата “Можеме”, парламентарното мнозинство и Владата“, одговори Морачанин.

ФЛЕШ ВЕСТИ:

Општество– Во село Виничани, општина Градско се наоѓа стара џамија изградена пред 4 века, која е во целосно распаѓање, бидејќи никој не се грижи за тој објект. Со помош на донација, од ИВЗ беше поставена ограда околу објектот која во вечерните часови непознати лица ја искршиле оградата, што предизвика гнев и револт кај муслиманското население.

Застрелан е полициски службеник во општина Ѓорче Петров, син на  на поранешниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

Политика– Во Кривичниот суд Скопје продолжи судењето за „Организаторите на 27 април”, обвинетите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

По скоро еден месец во Собранието на Република Северна Македонија се одржуваат продолженија на 21, 22, 25 и 26 седница,

Во Шуто Оризари денеска е отворена народна кујна која ќе обезбедува храна и оброци за 320 до 380 граѓани во социјален ризик од Општината.

Ковид-19– Во земјава се вакцинирани над 2600 здравствени работници  со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

Во тек е и втора постапка за набавка на уште 200 илјади дози од кинеската вакцина, а формализирани се и документите за набавка на руската вакцина „Спутник“.

Образование– Средношколците избраа осум наставници и претставник на матурантите во работната група за подготовка на скратени испитни програми за изучување за време на ковид кризата.

Лажни вести– Државниот завод за статистика соопшти дека неточни се вестите за пробивање на апликацијата за попишување.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Се шират гласини, колку се точни не знаеме, слушаме и читаме дека помалите политички партии ќе се делат од коалициски партнери и ќе трчаат сами на локалните избори, нормално, пак да се покажат дека можат, а според сите резултати од повеќе изборни циклуси во Република Северна Македонија е докажано дека не можат да го поминат ниту “прагот”“ пишува Сафет Зеќири во колумната „Кога малите политички партии сакаат да се покажат“.

„ За Македонците во Бугарија, еве, нема да зборувам, иако има многу што да се каже. Но верувам дека и Турција во еден момент ќе каже „збор-два“ за мрачната „операција“ на Тодор Живков за асимилирање на Турците кон крајот на 80-те години од минатиот век, кога повеќе од 350.000 Турци заминаа од Бугарија. Тоа беше време на жестоко кршење на човековите права и човечки жртви во Бугарија. Бугарија вели дека македонската страна не го исполнува договорот. Напротив, целиот свет виде, но и гласно проговори за тоа кој, всушност, го крши договорот за пријателство и тоа на најгруб можен начин – со кршење на правото на самоопределба. Договорот говори за заедничка историја, а сега, тоа што е заедничко може да биде само бугарско. Каде е логиката? Но, национализмот никогаш и не се потпирал на логиката, така што нема ни да ја бараме.“ пишува Џабир Дерала во колумната „Македонско-бугарски односи: Битка меѓу разумот и популизмот“

 

И. Крџиќ

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ