• Latest

Преглед на настани: Четири години затвор за Јанкуловска, субвенции за сите граѓани подеднакво, Зелениот караван на ЦИВИЛ утре во Велес…

September 18, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преглед на настани: Четири години затвор за Јанкуловска, субвенции за сите граѓани подеднакво, Зелениот караван на ЦИВИЛ утре во Велес…

September 18, 2020 17:06
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ  4 години затвор за Јанкуловска за „Тенк“

Врховниот суд на Република Северна Македонија вчера ги одби барања на осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“ и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје.

Апелациониот суд Скопје откако делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ и ја намали казната затвор од шест на четири години.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Заев: Субвенции ќе има за сите граѓани подеднакво

-Субвенции ќе има за сите етнички заедници, за сите иницијативи, ќе продолжи регионалниот пристап, ќе гледаме низ регионите и низ потребата од квалификувана работна сила, но и на мотивацијата на граѓаните да се квалификуваат за потребите на пазарот на трудот. Едниот дел преку мерките од Агенцијата за вработување, вториот е низ образовниот процес да продуцираме кадри кои во иднина ќе имаат лесно барање на работа. Да продолжиме на ваков еднаков пристап, имаме заедничка програма, која дава конкретен исчекор и одговор на решавање на проблемите на граѓаните, како граѓани. Ние сме едно еднакво општество и ќе продолжиме во тој правец да ги развиваме своите политики, изјави Заев на прес конференција.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ го осуди говорот на омразата и насилството: Ставовите се бранат со факти, не со насилство!

ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата, делата од омраза и насилството кои произлегуваат од неспособноста или неподготвеноста да се дебатира со аргументи во јавноста. Без оглед на „страната“ од која доаѓаат деструктивните појави во општеството и на политичката сцена, без оглед на тоа дали се работи за политички, етнички или верски мотивирани инциденти, тие не може и не смее да се оправдаат и премолчат.

И во случајот со Љупчо Палевски кој, според информациите во јавноста, беше  нападнат и претепан пред својот дом, ЦИВИЛ ја изрази  својата загриженост и осуда, и бара од институциите да ги откријат и санкционираат сторителите на овој насилнички акт.

Насилството и говорот на омразата никогаш, под никакви услови, не се соодветен одговор за ништо. Ставовите се бранат со факти, не со насилство!

Зелениот караван на ЦИВИЛ утре во Велес

ЦИВИЛ во рамките Зелениот караван, на 19 септември 2020 година, (сабота), со почеток во 11 часот ќе одржи работилница „Зелените доаѓаат“ во Општина Велес.

На работилницата ќе учествува градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, како и  претставници на општинскиот совет и институциите, организациите на граѓанското општество, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите и активистите во соодветните области. На работилницата се предвидува учество од максимум 20 лица, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Правда – Врховниот суд на Република Северна Македонија вчера ги одби барања на осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“ и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје.

Апелациониот суд Скопје откако делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ и ја намали казната затвор од шест на четири години.

Животна средина – Нуредини денеска одржа прес-конференција, прва откако по втор пат го презеде мандатот како министер за животна средина на која вети дека и покрај здравствените и економските предизвици пред кои не стави пандемијата, тој на оваа позиција ќе се залага да нема компромиси со заштитата на животната средина.

Образование – Ако е стабилна епидемиолошката слика, во ноември ќе се дозволи уште некоја група од децата да биде со физичко присуство во училиштата, изјави министерот за здравство, др – Филипче.

Бугарски меморандум – Премиерот Зоран Заев изјави  дека Владата останува пријателски насочена кон соседна Бугарија.

-Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија создава правна рамка и навистина нуди инструменти за менаџирање на билатерални прашања и ние сме посветени на севкупна нивна имплементација од овој Договор, изјави Заев.

Холштајн – Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка, а од суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот на проширување на Унијата со земјите од регионот на Западен Балкан, порача германската амбасадорка Анке Холштајн.

Онлајн учење – Учебната 2020-2021 година ќе се одвива преку Националната платформа за онлајн учење, која е инклузивна, едноставна за користење и нуди учење на пет јазици. Платформата е практична, лесна за користење и го доближува образованието и наставните содржини до учениците на каналите кои тие секако често ги користат.

СЛОБОДНА ЗОНА

Издвојувањето на етничката припадност како единствен услов за добивање субвенции за вработување во приватниот сектор не може да се смета за афирмативна акција во услови кога нема никакви објективни показатели за вработеноста на припадниците на различни етнички заедници во приватниот сектор, без постоење на показатели за оправданоста на една ваква мерка. Мирјана Најчевска во  Правни перспективи: Партиите не се државата, а државата не е работодавач

Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза (10 дел) –  Петрит Сарачини

Хидро Мицкоски и неговата професорска свита и политички пиони се далеку зад аут линијата. Каква порака му праќа „Конрад Аденауер“ на Мицкоски со состав на панелисти меѓу кои не е ниту тој, ниту неговите верни следбеници? Да се потсетиме на „славниот“ Мицкоски, пред да го проголта живиот песок на неговата погубна политика – Џабир Дерала во Мицкоски тоне во заборав

Честопати слушам и читам, и по медиуми, портали, социјални мрежи, коментари, но и од разни истражувања и фокус групи, дека дел од Македонците се чувствува „дискриминиран од Албанците“, велат дека се „граѓани од втор ред“, дека има Албанци што не одат на работа и земаат плата, дека се како заштитени мечки во администрација, дека… Петрит Сарачини во За оние што се чувствуваат „дискриминирани од Албанците“, една поинаква перспектива

Џевдет Хајредини поентира – Продажбата на државното земјиште кај ШИК „ЈЕЛАК“ во Тетово е школски пример за корупција

Д. Тахири

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ