• Latest

Преглед на настани: Дополнителни болнички капацитети, измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести, европски вредности…

October 26, 2020

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Дополнителни болнички капацитети, измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести, европски вредности…

October 26, 2020 16:59
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Филипче: Се подготвуваат дополнителни болнички капацитети за заболените

„Се соочуваме со силен бран на Ковид-19, ситуација која ги оптоварува сите сегменти на здравствениот систем. Во модуларната болница до Инфективната клиника има слободни кревети. Направивме план за обезбедување дополнителни болнички капацитети, прво болницта во Козле, каде има 40 кревети, каде има кадар засилен со колеги од Инфективната клиника. Уште две одделенија се подготвуваат во ГОБ „8 Септември“ со кадарот кој работи таму, а до крајот на денот треба тој план да го заокружиме за да биде подготвен и тој дел. Исполнети се болничките инфективни одделенија во другите градови“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, заедно со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.

Филипче додаде дека на денешната седница на Владата е ставена информација со која ќе се овласти Министерството за здравство да го потпише и посебниот договор преку заедничкиот рамковен договор со ЕУ за набавка на лекот „Ремдесивир“ и освен преку СЗО тој од следниот период ќе биде достапен и преку оваа набавка. За многу кратко време, посочи Филипче, очекуваме по потпишување на договорот да стигне во земјава.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Сених: Постојано треба да се трудиме да ги живееме, да ги промовираме и негуваме европските вредности

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ: 

Анкета: Заслужуваме да влеземе во ЕУ, да беше ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе бевме уште 20 години назад

Зошто Европа – вредности, култура, човекови права и граѓански политики

ЦИВИЛ Медиа, ги праша претставниците на граѓанските здруженија „Зошто Европа“ во серијата разговори што ги имавме за време на фестивалот „Ден на граѓанските организации“ во организација на ЦИВИК Мобилитас. Серијата разговори ги продолжуваме со Сашка Коцевска, Дороти Пачкова, Мехмет Точи и Билјана Атанасовска.

Марин: Во поделено општество единствени губитници се граѓаните

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, одговори на повикот на Зелен ЦИВИЛ за отворање на темата за зелените вредности, социјалната правда и антинационализам.

ФЛЕШ ВЕСТИ:

СДСМ го менува статусот и бојата, ќе бираат претседател на партиски избори.

Министерот за надворашени работи Бујар Османи потврдувајќи дека се подготвува дополнителен анекс на овој документ изјави дека работни групи од Северна Македонија и Бугарија на дневна основа работат на надминување на разликите на двете земји во однос на примената на Договорот за добрососедство.

Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека од утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии.

Караџовски: Во Комисијата работат професионалци, не дозволуваме никој да нè прави мафијаши и корумпирани

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести ќе се најдат на 19. собраниска седница закажана за утре, додека за ребалансот на Буџетот најверојатно ќе биде закажана нова седница на 29 октомври, бидејќи тој се уште не е вратен од Владата.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Има ли градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ – Српче право на приватност за тоа како, со кого и каде ја прави својата свадба? Има. Доколку не сака да остане и понатаму во политиката. Во спротивно, доколку има намера, на пример, да се кандидира за повторен мандат на својата функција во Општина Центар, неговата неодамнешна свадбена веселба претставува класично политичко самоубиство во присуство на свадбарските камери“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Политичкото самоубиство на Српче?“.

„Уште еднаш да потсетиме на посебен урбанистички третман на локацијата на фабрика Треска со распишување конкурс заради добивање на квалитетно решение за сите. Да, се очекува чесен натпревар на современи идеи и објективен компромис на интереси во кој треба да надвладее јавниот над приватниот интерес. Неопходно е да надвладее етиката во струката, а високиот професионализам во обликување на просторот да го надвладее незнаењето и наговестените “сирови бизнис намери“. Некогаш треба да се справуваме со голата правна прагматика на урбанистичките (лоши) планови низ суптилно одбрана политика на нивното (не)спроведување“, пишува Даница Павловска Циги во колумната „Посебноста на локацијата на фабриката Треска“.

А. Петровска 

Share39Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ