• Latest

Преглед на настани: Формирана парламентарна група за правата на лицата со хендикеп, ќе се испрати барање за екстрадиција на Спасов, протестен марш за „Јавна соба“

February 2, 2021
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Формирана парламентарна група за правата на лицата со хендикеп, ќе се испрати барање за екстрадиција на Спасов, протестен марш за „Јавна соба“

February 2, 2021 17:19
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Формирана парламентарна група за правата на лицата со хендикеп

Почитување и унапредување на правата на лицата со хендикеп и отстранување на сите бариери со цел да се овозможи нивно вклучување во општествениот и политичкиот живот, подигнување на јавната свест за ова прашање, иницирање законски решенија кои тоа ќе го овозможат, се дел од прашањата на кои ќе работи Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) што беше формирана денеска во рамки на овој пратенички состав на Собранието.

Претседателот на Собранието Талат Џафери обраќајќи се на состанокот за формирање на оваа ИППГ,  истакна дека сите законски решенија кои ќе се носат треба да им го олеснуваат животот на овие лица, да овозможат еднаков третман, пристап и можности за секој граѓанин, без оглед на неговата етничка, верска, полова, социјална и културолошка припадност, а секако, во ниту еден случај во зависност од неговата физичка можност или неможност.

– Верувам дека најтешко надминливите бариери се токму тие што ги подигаме во нашата свест, со нашиот начин на размислување и начин на делување. Наша законска, морална и етичка должност е да работиме во насока на симнување на тие бариери, да се посветиме на унапредувањето и заштитата на човековите права и оневозможување на дискриминација по каков било основ и тоа треба да ни биде водилка при секој преземен чекор за менување, дополнување, прилагодување на важечките закони во нашата земја, рече Џафери.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Втори февруари – уште еден изговор за ширење говор на омраза

Втори февруари, како датум кој се поврзува со хомосексуалците, е всушност хомофобичен и измислен датум. Интернационален ден на гордоста е на 27-ми јуни, сепак за многумина 02.02. отсекогаш важел за ден на хомосексуалците, но и повод за разни закачки, досетки, но пред се говор на омраза кон ЛГБТИ+ лицата.

Имено, 2 февруари како празник на хомосексуалците е познат само кај нас и во блиското соседство, додека 17 Мај се одбележува секоја година како Меѓународен ден на борба против хомофобијата и трансфобијата (МДБХТ).

2 февруари – Ден на свеќите, водните живеалишта, укулеле…

Кај нас и соседите 2 февруари можеби се „одбележува“ како ден на хомосексуалците, меѓутоа на денешен ден  во светот се одбележуваат и Светски ден на свеќите, водните живеалишта, укулеле…

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Министерството  за правда, по прибирањето на сите потребни документи, во предвидениот рок ќе достави до бугарските власти барање за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во земјава, велат од министерството за ЦИВИЛ Медиа.

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од собирањето потписи за поништување на донесениот Закон за попис. Вчера на седница на Извршниот комитет била донесена одлука утре да почне Иницијативата за собирање потписи.

Основниот кривичен суд Скопје во 2020 година го надминал приливот на предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети што е показател на ажурноста на судот, рече претседателот на судот Иван Џолев на денешниот брифинг со претставниците на медиумите и невладините организации.

„Пописот на населението, домаќинствата и становите кој ќе се спроведе во април 2021 година ќе ги даде сите потребни одговори во однос на обезбедување квалитетни статистички податоци кои се клучни за градење стратегии и политики и за успешен и предвидлив развој на државата“, соопштува владината служба.

Платформата за родова еднаквост организира протестен марш, на кој ќе бидат соопштени барањата до институциите за темелно расчистување на случајот „Јавна соба“ и за сеопфатен пристап во справувањето на државата со родово базираното насилство, кое во разни форми е широко распространето и вкоренето во нашето општество.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за „Дојче веле“  во однос на случајот „Јавна соба“ истакна дека се потребни измени и дополнувања на Кривичниот законик, со најавените кривичните дела „демнење“ и „сексуално вознемирување“, за да се следи современиот развој.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„ПАНДЕМИЈА НА ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Иако завршницата на изборите во САД уште долго ќе биде под опсервација на аналитичарите, едно е јасно. Опсадата на Капитол е последица од рапидно зголемено и неконтролирано ширење на дезинформации и лажни вести. Главните лиферанти на дезинформациите беа Трамп и луѓето непосредно околу него. Избран е моментот на рекордно ниска доверба на Американците во сопствените политички институции.

Поради ваквата недоверба во институциите, републиканските бирачи беа повеќе склони да му веруваат на Трамп и кујната која лиферува лажни вести за изборна измама, отколку да проверуваат во веродостојноста на понудените професионално подготвени вести, за што дополнителен аргумент се и одбиените жалби за изборна измама од страна на судските власти. Гледајќи од нивниот агол, физичката окупација на Капитол од страна на демонстрантите е „револуционерно“ преземање на власта во рацете на „народот“. Тоа беше всушност и ветувањето на Трамп во неговиот говор за време на инаугурацијата, кога на присутните им порача дека со стапување на должност претседател на САД овој пат не се врши трансфер на власт од една на друга администрација ниту од една на друга партија, туку се пренесува директно на народот“, пишува Александар Н. Писаров во (ДОСИЕ) Изборите во САД: Сенка врз американска демократија (3).

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ