• Latest

Преглед на настани: Избор на заменици министри, зелениот караван на ЦИВИЛ во Штип и Свети Николе, „Ѕид на мирот“ во Скопската чаршија…

September 22, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Избор на заменици министри, зелениот караван на ЦИВИЛ во Штип и Свети Николе, „Ѕид на мирот“ во Скопската чаршија…

September 22, 2020 16:59
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Собраниската расправа за избор на заменици министри во Владата

Справување со последиците од пандемијата, зачувување на работните места, создавање функционална економија и враќање на економскиот раст на 4 отсто, унапредување на животниот стандард на граѓаните и натамошен раст на платите, силни институции, неселективна правда и борба против корупцијата, изградба на општество со еднакви шанси за сите, како и активно учество во сите процеси и активности на земјата како членка на НАТО и почеток и успешно завршување на преговорите за членство во ЕУ, се дел од приоритетите на новата Влада, во чија реализација премиерот Зоран Заев очекува да се вклучат и новите заменици на министри што ги предлага.

Со именувањето на заменици на министрите, рече премиерот, се комплетира системот на ефикасни и силни институции со полн капацитет и легитимитет кои ќе работат на реализација на програмата на Владата и пред се во справувањето на последиците од пандемијата со КОВИД-19 како еден од првите владини приоритети.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев: Просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза

Зголемување од 8,5 отсто на просечната плата е забележано во јули оваа година во споредба со истиот месец минатата година, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил, напоменуваќи дека просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза.
„Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата во јули изнесувала 27.231 денар, и е зголемена за 2.127 денари. Ова се должи на зголемувањето на платите во образованието и здравството во изминатава година, како и на ефикасните антикризни мерки во време на пандемија“, додаде Заев.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ: Зелениот караван на ЦИВИЛ со работилница за зелените вредности во Штип

ЦИВИЛ во рамките на Зелениот караван денеска, 22 септември со почеток во 11 часот одржи работилница во просториите на Општина Штип.

На работилницата ќе учествуваат претставници на Општината и општинскиот совет, институциите, организациите на граѓанското општество, зелените иницијативи, политичките партии, медиумите и активистите во соодветните области. На работилницата се предвидува учество од максимум 20 лица, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.

Модераторка на работилницата ќе биде Биљана Јордановска од ЦИВИЛ, а со свое излагање за проектот ќе се претстави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

Зелениот караван на ЦИВИЛ по работилницаа продолжува со инфо-штандови во Штип и Свети Николе каде граѓанките и граѓаните, медиуимите и сите заинтересирани лица кои  ќе ги посетат ќе имаат можност да разменат искуства и ставови со тимот на ЦИВИЛ, а воедно ќе можат да учествуваат во видео анкетата: „Зошто зелено? Кажи го гласно своето мислење“.

Дерала во Гостивар: Зелени вредности и националистички испади во една општина не одат заедно

Графитот „Ѕидот на мирот“ ги покри пораките со говор на омраза во Скопска чаршија

Графит посветен на мирот ги покри пораките со говор на омраза на еден од ѕидовите во Старата скопска Чаршија. Графитот е реализиран од активистите Јетмир Асани и Валон Кучи, а го нацрта артистот Дако Ѓи, во соработка со Мировна Организација – Мировна Акција, а е насловен „Ѕидот на мирот“, по повод  21 септември – Меѓународниот ден на мирот.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

“Таргет-Тврдина”- Новинари, политичари и други кои биле прислушувани во периодот од 2008 до 2014 година денеска сведочеа за тоа која функција ја имале во општеството во тој период и како дознале дека се прислушувани и се изјаснија дека се оштетени, а најавија и оштетено побарување.

Заев-Закоњшек:  Вложувањето во квалитетен, ефикасен и економичен транспортен систем е од исклучително значење за развој на стопанството и за повисок квалитет на животот на граѓаните, констатирале на денешната средба.

Христијан Мицкоски на вчерашната седница на Централниот комитет предложил свикување на вонреден конгрес, на кој би се извршила промена на раководниот состав на партијата, но неговиот предлог бил одбиен. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека самиот предложил вонреден конгрес.

Сведокот Николовски за случајот „Титаник”: Ми го фалсификуваа потписот, јас никогаш не донирав 1.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ.

Врховниот суд уште не ги пратил во Кривичен суд Скопје, списите за предметот „Тенк”, со кој се потврдува казна од 4 години затвор за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Носење маски и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси, казни за семејни веселби, најави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

СЛОБОДНА ЗОНА

Рафал на Џабир Дерала Одложен политички земјотрес во „Белата дивоградба“: По серијата катастрофални политички порази откако ја презеде функцијата претседател на партијата, како марионета и извршител на Груевски, на позицијата на Мицкоски не ѝ завидува никој. Секојдневно е растргнат меѓу гласните барања за негова оставка и притисокот да остане на таа позиција.

Поенти на Џевдет Хајредини Правичното вработување во администрација по сто дена влада, кога за прв пат ќе има премиер Албанец!: Станале полнолетни децата кои се родени кога е склучен Охридскиот Договор и требаше да се спроведе до 2004. Досега не е постигната ниту правичната вработеност во јавната администрација, ниту е решен статусот на припадниците на ОНА, додека Груби  ја најави намерата на владата дека ќе им дава субвенции на приватните компании за вработување на албанци, за што веднаш беше демантиран од Заев.

А. Петровска 

Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ