ВЕСТ НА ДЕНОТ: Собранието ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни
Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 25. седница денеска со 61 гласа „за“, без „против“ и без „воздржани“ ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година. На седницата не присуствуваа пратениците од опозицијата.
Со одлуката треба да се овозможи продолжување за уште шест месеци на едномесечната кризна состојба поради состојбата со коронавирусот што е во сила од 20. минатиот месец, со одлука на Владата, а на барање на Советот за безбедност.
Периодот за постоење кризна состојба на територијата на државава, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија со Ковид-19 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението е најмногу до 30 дена.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Забрчанец: Владата со целиот капацитет ќе застане во одбрана на интегритетот на новинарите
„Започната е иницијатива, веќе има проактивност од Министерството за правда, течат и консултации со медиумските здруженија, ги повика министерот Маричиќ новинарите претставени преку нивните здруженија, синдикатите, да бидат активно вклучени во овие разговори со цел измена на кривичниот закон, со цел заштита на новинарите односно запирање на неказнивоста кога е во прашање нападот врз новинари. Ние сме влезени во таа постапка, што заврши дебатата ќе се случи измената на кривичниот законик, односно тоа подразбира измени во одредени кривични дела од потежок облик се разбира доколку делото е сторено против новинар, поентата е казните да бидат построги кога е во прашање напад врз новинар“- изјави Марјан Забрчанец, национален координатор за стратегиски комуникации, во Студио 10, на телевизија 24.
Истакна дека Владата никогаш немала, ниту пак ќе има намера да ги замолчува новинарите, напротив, интенцијата е да се застане на нивна страна.
„Не мислам дека е тенденцијата ниту намерата да се замолчуваат новинарите, или помалку да се зборува за вакви случаи, напротив оваа емисија и тоа што постојано се покрева прашањето, и тоа што премиери ги коментираат овие случаи, и тоа јавно Владата ги повикува обвинителствата да постапуваат бидејќи МВР веќе постапила го докажува спротивното. Ние ќе застанеме со сите наши капацитети во одбрана на интегритетот на новинарите, сме го направиле тоа и до сега многу пати, и ќе продолжиме да го правиме бидејќи ова општество може да оди напред како што оди напред во овие три години исклучиво доколку имаме новинари ослободени од притисоци, особено од центри на моќ“- изјави Забрчанец.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Љупчо Николовски, Сашо Орданоски и Јасна Бачовска за борбата против корупцијата и криминалот
Објавено видеото од конференцијата на ЦИВИЛ со учество на министерот Маричиќ и проф. Спасов
ФЛЕШ ВЕСТИ
Главната порака е луѓето да се стрпат од излегување, сепак да не се излегува и сега во овој период без некоја голема потреба. Луѓето да не се групираат на штандовите. За време на претстојните празници, слави, на новогодишната ноќ граѓаните да останат во рамките на своето семејство, заради тоа што видовме дека мини кластери потекнуваат таму каде има поголем број луѓе од повеќе семејства, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Пратениците со 61 глас „за“, без против и без воздржани на денешната седница ги избраа Иџет Мемети и Љупчо Ивановски за членови на Советот на јавни обвинители.
Изминатава година, како народ, поминавме низ најголемата голгота каква што не паметат ниту нашите највозрасни граѓани. Плативме огромна цена, над 2.100 наши сограѓани го изгубија својот живот, многу семејства останаа унесреќени за навек, истака претседателот Стево Пендаровски на почетокот во годишното обраќање во Собранието.
Новата концепција за основно образование, со која повеќе предмети се интегрираат во еден предмет, а историја повеќе нема да се изучува како посебен, туку дел од општествените науки, министерката за образование и наука Мила Царовска го објасни како промени кои се во согласност со развиените земји каде има интеграција на природни и општествени науки. Таа негира дека спојувањето на историја со другите предмети се должи на моменталниот спор со Бугарија и негирањето на бугарската страна на нашата историја.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека се размислува за дополнителни мерки кои би биле во насока на поддршка на угостителскиот сектор по најновата одлука за скратување на работното време до 18 часот.