• Latest

Преглед на настани: Мијалков не наредувал прислушување а Јанкуловска не знаела што потпишува, Португалија се надева на прва меѓувладина конференција со Скопје до јули

January 18, 2021

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Мијалков не наредувал прислушување а Јанкуловска не знаела што потпишува, Португалија се надева на прва меѓувладина конференција со Скопје до јули

January 18, 2021 16:53
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Мијалков не давал наредби за прислушување, Јанкуловска не знаела што потпишува

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска на судењето за случајот „Таргет и Тврдина“, во делот за нелегалното масовно прислушување, демантираше дека давал наредби за прислушување. Мијалков изјави  дека за ваквото тврдење на обвинителството не бил приложен ниту еден доказ.

Тој се држеше до тезата дека нелегалното прислушување не се вршело во УБК, потенцирајќи дека многу лесно можело да се прислушува надвор од системите на Управата. Мијалков, се повика на презентација од израелска компанија, која тврдела дека е можно следење на комуникации на мобилната телефонија надвор од Управата, преку телефонските оператори.

И поранешната Министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не знаела што потпишува кога во УБК била формирана комисијата што ја уништи опремата за прислушувањето. Таа ова го рече денеска пред судот на сведочењето за случајот Таргет-Тврдина. Јанкуловска е обвинета во овој предмет токму во делот за уништувањето на опремата, односно во делот од случајот „Тврдина“, кој потоа беше споен со предметот „Таргет“ за прислушувањето.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Пендаровски до Гир: Северна Македонија останува силно посветена на политиката на добрососедство и регионална соработка

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата беа разменети мислења и информации за европските перспективи на Република Северна Македонија, за можностите за отпочнување на пристапните преговори за членство во Европската Унија  и за текот на имплементацијата на реформите во насока на исполнување на европските стандарди, пренесуваат од канцеларијата на претседателот Пендаровски.

„Целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е суштинска гаранција за натамошен демократски развој, стабилност и просперитет на регионот. Ниедна земја членка на Унијата не смее преку поставување на ирационални барања да ја доведува во прашање европската иднина на нашиот народ“, посочил на средбата претседателот Пендаровски, додавајќи дека само преку дијалог и почитување на принципите и темелните вредности на Европската Унија и на меѓународното право, може да се надминат билатерални разлики и предизвици.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Португалската државна секретарка задолжена за ЕУ, Ана Паула Закариаш, порача дека нејзината земја која претседава со ЕУ до први јули годинава се надева дека ќе се деблокира спорот со Софија и ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот  Александар Николоски во Будимпешта остварија работна средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата Фидес Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи  Петер Сијарто.

Република Србија ќе испрати помош од најмалку 8.000 вакцини од Фајзер, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од вкупно 729 донори. Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници на МОН и Бирото за развој на образование неделава ги интензивираат дебатите за предложената нацрт- концепција за основно образование.

Министерот за економија денеска најави дека од 21 јануари најверојатно ќе има продолжување на работното време за угостителите и по 21 часот.

Министерот Бектеши исто соопшти дека и оваа година државата ќе продолжи да им доделува ваучери за одмор на работниците со ниски приходи во домашните туристички капацитети.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Јас не мислам дека Доналд Трамп, колку и да е тоа неизмерно лесно, е похрабар политичар од Никола Груевски, па да седи дома чекајќи кога ќе го пратат во Алкатраз, туку само констатирам дека нема околна држава до САД каде што Трамп би можел незабележано во ноќта, со помош на унгарски разузнавачи, спакуван во гепек, да побегне. Каде? Мексико!? Канада!? Куба!? … Таму едвај – со камери – го чекаат да им дојде, не е тој белки повеќе несалам отколку што излезе“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Доналд не е Грујо, а и далеку е Чукотка!“.

„Пописот е систематски процес на собирање податоци на населението на една земја. За Република Северна Македонија е неопходен и треба да биде спроведен на најдемократски начин.

Исто така, пописот е една од најважните статистички активности преку која се обезбедуваат детални информации за бројот и структурата на населението. Да се знае после 19 години колку население има во земјата и кој е бројот по етнички групи за да се има чиста слика на Географски карактеристики; Демографски карактеристики; Економски карактеристики; Образовни карактеристики; Миграциски карактеристики; Културолошки карактеристики; Инвалидитет/функционална попреченост. Потоа да се направи една длабока анализа во споредба од последниот попис кој беше спроведен во 2002 година“, пишува Сафит Зеќири во колумната „Пописот е неопходен, бројките треба да се знаат!“.

„Во Словенија минатата година беше објавена и прогласена „најшовинистичката“ изјава на годината, која гласеше: „Еманципијата на жените, целосно им ја одзеде женственоста и тоа што тие би требале да бидат“ и која јавно во интервју ја кажа познат Словенец.

Во мојот тим работаат две жени и двајца мажи, сите високо образовани, во различна декада на животот. На мој шок и неверување, никој од нив изјавата не ја карактеризираше како шовинистичка. Напротив, во неа не видоа ништо лошо. Јас се потрудив да им ги објаснам шовиниситичките елементи во изјавата: прво некој друг си зема слобода да дефинира што е женственост и како една жена треба да се однесува и второ тезата дека еманципацијата што подразбира образование и целосна слобода на жената да го дефинира својот живот ја прави „неженствена“, пишува Емилија Попоска во колумната „Слободата да се биде анти-шовинист“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ