• Latest

Заев: Србија ќе испрати 8.000 вакцини од Фајзер

January 18, 2021

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026

Предупредување

July 26, 2026

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026

Кијив ја мина ноќта во подземните метро станици

July 25, 2026

Напад со балистички ракети во Буча кај Кијив – 10 загинати, околу 100 повредени, агресорот потрошил 17-20 милиони долари за нападот

July 24, 2026
Волфганг Ресман, Медија дијалог, Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ)

ВОЈНА НА ТЕРОР: Д-р Волфганг Ресман за рускиот ракетен терор во Кијив

July 24, 2026
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Вашингтон со нова царинска офанзива, ЕУ, Кина и Канада реагираат

July 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Заев: Србија ќе испрати 8.000 вакцини од Фајзер

January 18, 2021 12:24
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Република Србија ќе испрати помош од најмалку 8.000 вакцини од Фајзер, соопшти денеска перемиерот Зоран Заев пред Граѓанскиот суд во Скопје по рочиштето со новинарот Зоран Божиновски.

-Сакам да ја споделам оваа среќна вест, понудената помош од Република Србија од претседателот Александар Вучиќ ја прифативме, денеска разговарав со него, тие прифатија да ни помогнат, а деталите ќе ги утврдиме во текот на денот, она што можеа да го потврдат е 8.000 вакцини од Фајзер, а за другите треба да проверат во договорите дали смеат да донираат и од нив, истакна Заев.

Тој во името на македонскиот народ изрази благодарност до претседателот на Србија Александар Вучиќ, до Владата и до српскиот народ за пријателскиот чин на солидарност и информираше дека Вучиќ понудил вакцините да ги донира.

-При прифаќање на нашите барања, Вучиќ понуди да помогне со вакцини и тој рече дека сака и да ги донира тие, но ние сме земја и имаме пари и ќе си ги платиме, па потоа потврди дека ќе ги дадат по набавна цена, односно по цената која Србија ги набавила вакцините, појасни Заев.

Премиерот информираше дека деталите за вакцините од Србија ќе ги договараат министерите за здравство, и дека тој денеска ќе има разговор со премиерката Брнабиќ за транспортот и регистрацијата на лекот кој се утврдува од соодветните агенции за лекови на двете земји.

Заев информираше дека во последната недела бараат помош и поддршка и од други земји за, како што рече, да ни дадат  помош за да можеме да почнеме додека не стигнат првите 5.850 вакцини во февруари.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на седница на Владата ги претстави најновите информации за набавката на мРНА вакцини против КОВИД-19 од производителот Фајзер, за продолжувањето на интензивните контакти за набавка и испорака на оваа вакцина, вклучувајќи ги аспектите на постапката за набавка која треба да се спроведе, како и за регистрација на вакцината во државава.

Според Филипче, здравствениот систем е целосно  подготвен за вакцинација, а во февруари се очекува да пристигнат првите дози од „Фајзер“ и „КОВАКС“ механизмот.  Веќе се пристигнати два фрижидера кои беа најавувани како донација за фајзеровата вакцина која се чува на -70 степени, а уште три се очекуваат во текот на следните недели. Во еден фрижидер може да се складираат 100 илјади дози вакцини.

Филипче најави дека за кратко време ќе биде склучен договорот со Фајзер од каде се очекуваат 5.850 дози во февруари, а по 17.500 во март и во април. Во февруари, тврди министерот, ќе пристигнат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто е направена уплата и е обезбеди соодветна гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.

-Целосно е спремен системот во однос на складирањето, планот на дистрибуција, идентификувањето на критичните групи според приоритет. Направен е планот, тоа се три групи. Во првата се здравствените работници кои работат со ковид пациенти, вработените во лабораториите кадешто се прави дијагностика, штитениците на домовите за лица со посебни потреби и најстарите лица од возрасните групи над 70 години коишто имаат коморбидитети. Во втората група се останатите здравствените работници, вработени во критична инфраструктура – наставниците, вработените во градинките, новинарите и секако пациентите од другите возрасни групи коишто имаат хронични болести. Целосно се спремни и здравствените домови и центрите за јавно здравје ширум државата за да ги преземат и аплицираат вакцините по овој редослед, информираше Филипче во телевизоско гостување.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ