• Latest

Преглед на настани: Пописот останува најжешко прашање, разобличени лажните вести на Котеска, Османи на официјална посета во Грција

January 14, 2021

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Пописот останува најжешко прашање, разобличени лажните вести на Котеска, Османи на официјална посета во Грција

January 14, 2021 17:15
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Втор ден собраниска расправа за Законот за попис

Пратениците во Парламентот денеска ја продолжија расправата по Законот за попис, при што и оние од владејачките мнозинство и од опозицијата останаа на ставовите што ги најавија нивните матични партии. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно изнесуваа ставови зошто треба да се повлече Законот и да се одложи пописот, додека оние од СДСМ и другите владејачки партии останаа на тврдењата дека нема да има злоупотреби и дека попис ќе има.

И додека владејачкото мнозинство се држи за ставот дека методологијата е подзаконски акт кој произлегува од законот, а попишувањето ќе го реализира Државниот завод за статистика, опозицијата уште еднаш побара повлекување на предложениот текст, без тоа да се сфати како пораз, туку, како што беше речено, како начин за изнаоѓање најдобро решение.

Ова е втор ден од расправата која почна вчера, а Предлог-законот во Собранието го образложи заменик министерот за правда, Агим Нухиу.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Царовска ја демантира дезинформацијата на Котеска: Ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата на македонски јазик на Филолошки факултет

„Најостро ги демантирам тврдењата на Јасна Котеска – повикувам да запре ширењето дезинформации! Ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет. Ова е чиста лага, граѓаните да не подлегнуваат на овие шпекулации“, демантира министерката за образование и наука Мила Царовска преку својот Твитер профил, откако претходно професорката Јасна Котеска наведува наводен „таен државен удар“ односно укинување на групата на македонски јазик на Филолошки факултет.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Анкета: Пописот мора да се одржи, оти без броење нема да знаеш колку кокошки имаш во дворот

Попис – политичка или статистичка операција?

Во контекст на продолжението на собраниската седница каде ќе се расправа за предлог законот за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, по скратена постапка, кое најверојатно ќе започне, а можеби и заврши, со опструкции од опозицијата, се наметнува прашањето од јавен интерес дали се работи за статистичка или политичка операција. Или можеби, статистичко-политичко пребројување на населението.

На вчерашната расправа се побара повлекување на предлог-законот со образложение дека владејачкото мнозинство треба најпрвин владејачкото мнозинство да организира внатрепартиска и внатре државна дебата со цел да се најде консензуално решение како да се спроведе оваа статистичка операција. Во спротивно тие ќе се преземе иницијатива за негово поништување.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамките на официјалната посета на Грција се сретна со претседателката Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирјакос Мицотакис и со алтернативниот министер за европски прашања, Милтијадис Варвициотис.

„Реформите во основното образование требало да се направат уште пред една деценија и со носењето на новата концепција не се брза, туку напротив веќе доцниме“, велат од Министерството за образование и наука.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот соопшти Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека од 21 месецов ќе се врати работното време на угостителските објекти до 21 часот, а сите останати мерки остануваат во сила.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Во Македонија секое дно е дупло: каква е таа ниска политичка страст да се злоупотребува и Вевчанскиот карневал за ситни политички поени, за некој локален партиски празноглавец да може да се слика дека „храбро“ дошол во „судир“ со „режимската полиција“… За потоа сите партиски ботови да те шеруваат, курирците да хистеризираат, а Хер Флик инстантно да започне глумажа со голема загриженост за демократијата и слободите под бруталните притисоци на „режимот“!“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Тргнете ги партиските валкани прстиња од Вевчанскиот карневал!“.

„Вчера тутунарите беа на состанок во Владата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и откупувачите во обид да ги решат проблемите со откупот на тутунот. .Јавноста во последните 30 години со исклучок на неколку години, во месеците кога се врши откуп на тутунот е сведок на мачни слики од разни состаноци, координации, протести, манипулации за остварување партиски агенди врз грбот на тутунарите, грди слики од откупните пунктови и разни слични настани кои оставаат мачен впечаток за талкањето на тутунопроизводителите во остварување на нивните права да ја добијат заслужената награда за вложениот труд. Тутунарите по правило се незадоволни од цената, државата е незадоволна од улогата на регулатор,  координатор и судија во спорот, а откупувачите никогаш не се задоволни од ,,квалитетот на тутунот” и условите кои треба да ги исполнат за да добијат овластување за откуп и уценување“, пишува Перо Наумовски во колумната „Субвенциите во аграрот, економска или социјална мерка?“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ