Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека од 21 месецов ќе се врати работното време на угостителските објекти до 21 часот, а сите останати мерки остануваат во сила.
Тој нагласи дека согласно со проценката на ситуацијата во текот на деновите до 21 јануари евентуално може да се разгледа барањето на угостителите за работа до 23:00 часот.
Работното време на угостителите од 18 декември е ограничено до 18 часот, како дел од превентивните мерки на Владата за спречување на натамошното ширење на Ковид-19 во тек на празниците
Со мерките се забрани и организирање и одржување прослави за новогодишните и верските празници.