• Latest

Преглед на настани: Протест за „Јавна соба“, попис во јуни, Мицкоски се противи, вакцинација со 200.000 кинески вакцини

February 3, 2021
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Протест за „Јавна соба“, попис во јуни, Мицкоски се противи, вакцинација со 200.000 кинески вакцини

February 3, 2021 17:30
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Протест за „Јавна соба“: Ни требаат санкционирани сторители и ни треба правда за жртвите

„Јавна соба е кривично дело!“ и „Држава што угнетува е држава што силува!“ беше мотото на денешниот протест по повод случајот со „Јавна соба“, кој започна од Министерството за внатрешни работи, а заврши пред Јавното обвинителство.

Неодложно и темелно расчистување на случајот со Јавна Соба, соодветни казни за администраторите, но и инкриминирање на сексуалното вознемирување преку интернет во Кривичниот законик се дел од барањата.

Организаторите на маршот бараат од Јавното обвинителство темелно да го расчисти случајот „Јавна Соба“, но и соодветно да ги казни администраторите.

„Јавното обвинителство е клучна институција која има обврска да ги гони сторителите на кривичните дела од „Јавна соба“, со што ќе овозможи заштита од сексуално вознемирување и родово засновано насилство на сите жртви. Неефикасноста на оваа институција во казнувањето на сторите на родово засновано насилство ни е познато одамна, а овој заклучок само се потврди со случајот „Јавна соба“. Институцијата е неефикасна кога станува збор за сексуално вознемирување на интернет, па низ годините слушаме различни оправдувања за неказнување на сторителите. Нашите пријави за онлајн вознемирување и говор на омраза завршуваат со пријавувањето, без да добиеме каков било одговор или во најдобар случај основното и вишото јавно обвинителство да си ја префрлаат топката. „Јавна соба“ е случај на масовно и организирано сексуално вознемирување, со бројни жени жртви и бројни сторители мажи, кое трае повеќе од една година“, изјави Драгана Дрндаревска од Коалиција „Маргини“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев: Aко е фрустрација неуспехот што не спроведоа попис, а ние ќе спроведеме, еве уште сега објавувам дека заеднички ќе биде успехот на сите

„Пописот ниту скратува права, ниту дава нови права. Ниту нешто ќе промени, ниту некои драми ќе се случат. Податоци ни требаат за развој на државата, за да знаеме колкави се регионите со невработеност, каде има локации за нови индустриски зони, за развој на нови економски политики, отворање на нови работни места. Ни требаат податоците како леб од секој можен аспект. Ако е прашање за фрустрацијата, дека некој не успеал да направи, а сега некој ќе успее, јас уште сега објавувам дека е заеднички успех пописот што заедно ќе го спроведеме. Мислам на власт, на опозиција, извршна власт, Претседател на држава, Парламент, заеднички ќе биде успехот. Но, должност е да учествуваме во пописот сите“, истакна премиерот Зоран Заев и побара граѓаните да бидат одговорни и да овозможат во април да се спроведе пописот на населението.

Откако од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија собирање на потписи за поништување на Законот за попис кој беше изгласан во Собранието, Заев рече дека тоа е неодговорно бидејќи сме една од ретките земји кои 20 години немаат попис.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Лажна вест е дека Македонците од дијаспората ќе останат непопишани поради спорото издавање на пасоши

Уште една лажна вест од кујната на лаги, овојпат порталот Република објави лага дека „десетици илјади Македонци кои живеат во странство може да останат незапишани на пописот, бидејќи доцни издавањето на македонските патни документи“.

Зоран Бојаровски, вработен во секторот за кoмуникaции, oтчетнoст и трaнспaрентнoст во Владата на Република Северна Македонија ја демантира оваа лажна вест и вели дека македонските граѓани кои се во странство ќе може да се попишат само со матичен број со регистрирање на веб-апликација која ќе биде дизајнирана за оваа намена.

ФЛЕШ ВЕСТИ

„Го видов и предлогот на Претседателот на државата, пописот да се одложи некој месец. Сé е вредно за размислување. Но знаеме дека во лето не се спроведува попис, септември е кампања, октомври се локалните избори. Да размислиме ако се одложи да завршиме до средина на јуни. Но, еве гледаме дека опозицијата го одбива и тоа“, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за различните ставови на власта и опозицијата околу претстојниот попис. Toj изрази задоволство дека сите чинители во општеството се со став дека пописот е неопходен, и дека конечно после 20 години мора да се спроведе.

Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски денеска оствари средба со претседателката на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли, на која разговараа за улогата на Комитетот во остварување на правата на заедниците во Република Северна Македонија.

Првата количина вакцини против Ковид-19 кои ќе пристигнат во земјава во февруари ќе бидат кинеските вакцини. Ние практично целокупниот процес на имунизација согласно веќе подготвениот систем ќе го почнеме со тие вакцини. За многу кратко време ќе го знаеме и датумот на испорака, а ќе пристигнат 200 000 вакцини со што ќе почне вакцинирањето на сите приоритетни групи, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Премиерот Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ЕУ амбасадорот во земјата Дејвид Гир, пратеничката Латифа Шиковска и претставници на граѓанските организации и на општините имплементатори на проектите, го најавија почетокот на реализација на проекти за домување на Ромите.

В петок напладне, на матичната Комисија за образование, наука и спорт, е закажана јавната расправа за нацрт-концепцијата за основно образование. Министерката Мила Царовска денеска изјави дека таму ќе се сублимират сите ставови, ќе се изнесат забелешките и сугестиите кои стигнале до МОН за да се утврди што е конструктивно и прифатливо  и да се унапреди концепцијата.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Дали Алексеј Навални, со својата лична саможртва ставена на слободно располагање на режимот во Москва, може да ја промени политичката иднина, што многумина ја сметаат за судбина, на Русија?

Пред да побрзате со одговорот, можеби не е лошо ова прашање да го разгледате во „пакет“: ќе беше ли Русија ова што е денес (слободно изберете опис што вам најмногу ви одговара), да не беше Путин на нејзиното чело?“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Зошто запнал Путин да го елиминира Навални?“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ