ВЕСТ НА ДЕНОТ: Собранието расправа по ребалансот, власта и опозцијата спорат за ефектите од антикризните мерки
Во Собранието на Република Северна Македонија втор ден се расправа по ребалансот на Буџетот кој се носи поради ковид кризата и чие донесување се очекува за да почне реализацијата на четвриот пакет мерки тежок 470 милиони евра
Расправата по ребалансот, почна вчера, а согласно Деловникот може да трае најмногу пет дена. По неговот донесување ќе почне да се реализираат мерките од четвртиот пакет предвидени за месеците октомври, ноември и декември, а поддршката изнесува 470 милиони евра.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Пендаровски: Северна Македонија заслужува и е подготвена да ги започне пристапните преговори за членство во ЕУ
„Нашите национални напори за одржлив развој се усогласени со нашата клучна надворешнополитичка цел – членство во Европската Унија. Република Северна Македонија заслужува и е подготвена да ги започне пристапните преговори за членство во Унијата и тоа уште за време на германското претседателство. Интегрирањето на нашата земја во Унијата, но и на другите земји од Западен Балкан, е во интерес на регионалната безбедност и на просперитетот. Евентуална блокада или одложување на почетокот на преговорите би било голема грешка или голем неуспех, пред сè, на Европската Унија и на германското претседавање, кое е толку многу ангажирано во поддршка на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“, истакна денеска претседателот Стево Пендаровски, на отворањето на онлајн конференцијата посветена на високото образование во регионот на Западен Балкан, на тема „Заеднички вредности, способности и одржлив развој“.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Солидарност од надвор, сопки од внатре!
Точно 235 дена поминаа откако Светската здравствена организација прогласи пандемија од коронавирус. Во изминатиов период солидарноста и помоштта од ЕУ, НАТО, Норвешка, Германија, Турција, Австрија, Кина, САД и други држави одиграа значајна улога за нашата држава да може полесно да се справи со Ковид-19.
Додека помошта пристига од сите страни за полесно да се справиме со пандемијата, за жал, македонските политичари од опозицијата не покажаа чувство за состојбата во која се наоѓа земјата, туку постојано ја напаѓаат власта, пред сè преку неаргументирани обвинувања, соопштенија, протести, собири… како да сме во предизборна кампања.
Анкета: Сите сакаме да бидеме дел од Европа, имаме деца таму
ЦИВИЛ ги граѓанките и граѓаните да ги посетат инфо-штандовите во Свети Николе, Чешиново-Облешево, Карбинци, Кочани и Виница, утре со почеток во 11 часот, посветен на промоција на европските вредности и интеграции.
Граѓанките и граѓаните заеднички со тимот на ЦИВИЛ, во директна комуникација, ќе имаат можност да ги споделат своите размислувања и ставови во однос на демократските процеси во земјата и да бидат дел од креирањето на јавното мислење на локално и национално ниво.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ќе спроведе истрага против четири лица, од кои три лица како соизвршители се осомничени дека сториле кривично дело Измама на штета на средства на европската заедница.
Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата.
Средба Османи – Јанакакис: Грција продолжува да биде активен лобист и поддржувач на нашата европска перспектива
„Вчера во Службениот весник на РСМ, вчера се објавија измените и дополнувањата на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, со што и официјално од вчера вечерта стапија на сила и законските измени со кои сите инспекциски служби добиваат нови поголеми овластувања при постапување со прекршителите на здравстевните протоколи“, соопштува владината служба.
Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација се 107 вработени и 650 деца, информира министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Апелациониот суд официјално потврди за „Порталб.мк“ дека ја смениле првостепената одлука за случајот „Алмир Алиу“, со која на Бобан Илиќ, кој со автомобил усмрти 4-годишно дете од Куманово.
Министерството за образование и наука ги започна подготовките за престојното пробно тестирање за ПИСА со онлајн обуки на наставниците и директорите од средните училишта на ниво на држава.
СЛОБОДНА ЗОНА
Од Катерина Колозова, професор по епистемологија на студиите на политики (policy studies) на Институтот за општествени и хуманистички науки
„Националниот идентитет, како и сите идентитети, е категорија на дискурсот, наративен конструкт а не рефлексија на еднозначна вистина која рефлектира недвосмислени „факти.“ Дури и во егзактните науки нема еднозначни вистини ами теории кои се во натпревар едни со други, а предмет на тој натпревар се токму понудените рамки на толкување на тоа што е факт. Во Македонија и, ден денес, доминантната рамка на тоа што се смета за „научно“ е наивниот, контовски позитивизам, според кој – фактите се објективна стварност, фиксирана, неменлива, еднаш за секогаш утврдена. Се чини дека и бугарската историска наука почива на слични претпоставки, барем судејќи според јавните расправи за „заедничката историја“, пишува Катерина Коловоза во Бугарско – македонскиот договор за добрососедство и неговите ефекти врз европското проширување.
А. Петровска