ВЕСТ НА ДЕНОТ: Ребалансот донесен, почнува реализацијата на четвриот пакет мерки
Ребалансот на буџетот ја помина собраниската процедура и го отвори патот за спроведување на мерките од четвриот пакет мерки. Дел од мерките може веднаш да се реализираат, за дел ќе треба, и покрај носењето на ребалнсот, да се чекаат законските решенија со кои се уредени, а кои, исто така, се во собраниска процедура.
Поддршката со ребалансот тежи 470 милиони евра. Наменета за граѓаните и стопанството со цел да се ублажи влијанието од корона-кризата.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Дерала за Слободна ТВ: Отровот на говорот на омраза се користи како оружје за добивање политички поени
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Дел од тимот на ЦИВИЛ Медиа имаше прилика да ја посети канцеларијата за средба со граѓаните, која неодамна ја отвори пратеникот Д-р Сашко Николов во Штип.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Владата на вчерашната седница донесе одлука да се скрати работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна.
„Сите интерни клиники во склоп на Клинички центар се подготвени да примаат ковид пациенти и нема да запрат со нормалната работа, односно со интервенциите на дневна основа“, соопштува Министерството за здравство.
ТВОЈА партија бара од Владата итно вклучување на приватните болници во борбата со Ковид-19 пандемијата, согласно Уредбите донесени со законска сила и Владина одлука на 23 и 30 март годинава, посебно во услови кога државните болници се соочуваат со исполнети капацитети и се бара легло повеќе за тешко заболените.
Договорот со Бугарија од 2017 година е добра основа и рамка за да продолжат разговорите во насока на изнаоѓање решенија, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски.
Арсовски: По 6.000 денари ќе добијат 283.000 наши сограѓани кои се најмногу погодени од кризата
Судија на претходна постапка и го одзема пасошот на поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова поради сомнение дека го сторила кривичното дело „измама на штета на средства на Европската заедница“.
Претставници на скопските пожарникари денеска на средба со претставници од Градот Скопје и Владата го продолжија социјалниот дијалог за решавање на настанатиот проблем и наоѓање нови решенија за нивните синдикални барања.
Статусот на АД – Пошта на Северна Македонија, нема да се реши до крајот на годината, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битики.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Се ближи денот кога заинтересираните партии ќе мора да предложат свои кандидати за испразнетото место за изборите на градоначалник на Штип. Како што е познато, овие избори се важен (иако ограничен) контролен тест за актуелниот политички рејтинг на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Ќе се откаже ли ВМРО-ДПМНЕ од изборите во Штип?“
„Патриотизмот во нашата земја не се мери според тоа како го претставуваме нашиот народ во правец на уметноста, науката или спортот. Не се мери ниту според тоа колку се грижиме за нашето општество или држава. Љубовта кон народот и државата во којашто живееме не се изразува веќе со грижата кон другиот, ниту со грижата кон средината што не опколува. Може да фрламе отпадоци на улица, дури и од терасата на зградата во којашто живееме, може да ги уништиме шумите и јавниот простор, може и да не ја свртиме главата кон тие што имаат потреби, а не па да помогнеме“, пишува Лиса Баута Шакири во колумната „Национализам – дегенерација на патриотизмот!“.
А. П.