• Latest

Преглед на настани: МОН не укинува ниту една научна дисциплина, од утре на сила новите рестриктивни мерки

December 17, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: МОН не укинува ниту една научна дисциплина, од утре на сила новите рестриктивни мерки

December 17, 2020 17:39
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: МОН: Не укинуваме ниту една научна дисциплина, учениците треба да стекнат знаења и да научат да размислуваат

Реформите кои се подготвуваат во основното образование не значат укинување на ниту една научна дисциплина. Напротив, со нив се подобрува концептот на кој учениците ќе ги изучуваат сите предмети, соопшти Министерство за образование и наука.

Новото основно образование на ученикот ќе му даде целосна слика за одреден настан или тема, наведува МОН, што се постигнува со интердисциплинарен и интегриран пристап, односно поврзување на информациите од повеќе предмети.

„Ваквиот пристап им овозможува на учениците полесно да ги поврзат наставните содржини со реалноста и да ја согледаат смислата на она што го учат. Министерството за образование и наука ги основа овие реформи врз современи концепти и приоди, а со цел учениците да се стекнат со знаења од сите области – историја, географија или содржини од друга научна дисциплина. Но, тоа ќе биде на начин прилагоден на нивната возраст, начин кој ги руши строгите граници меѓу дисциплините и го претставува светот, процесите и појавите во нивната поврзаност и единство“, информира МОН.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Битка со инфодемија во време на пандемија

ФЛЕШ ВЕСТИ 

100 дена Влада: Министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес-конференција изјави дека Владата ги усвои заклучоците во врска со информацијата за спроведување на планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион.

Со моето враќање повторно на чело на Министерството за внатрешни работи се обврзав да продолжам онаму каде што застанавме – во посветена изградба на силна институција, која ќе го гарантира редот, безбедноста и владеењето на законите, како и на етаблирање на полицијата како гарант за заштита на законитоста, како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани, потенцира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција на која даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена Влада.

Од утре стапува на сила новиот пакет на рестриктивни мерки кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести. Новиот пакет мерки, кој ќе важи до 21 јануари, има за цел да избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид – 19 во престојниот период на празници, соопшти Министерството за здравство.

„Законот за спречување и заштита од дискриминација во дискриминаторските основи ги вклучува и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. За нас сите граѓани се исти и секој има право да се определи како се чувствува и треба да биде почитуван затоа што е различен. Убавината на општеството ја прават различностите“, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Министерот за здравство Венко Филипче, при денешната посета на Клиничката болница во Штип, во изјава за медиумите информираше дека 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Професионално да се следи македонскиот евро-интегративен пат во последните две-три децении е ѓаволски неблагодарна работа. Разочарувањата и регресиите се сто пати почести од ретките прилики за радост и прослава на некој мал исчекор во прогресивна насока. Па, и кога го има, треба да сте експерт за дипломатски алхемиски формули за производство на унца сребро од еден тон ламарина, бидејќи и само ако ве фати куса дремка може да ви се случи позитивната вест незабележливо да ве одмине, пред да мора повторно да се заглибите во буништето на европското политичко лицемерие накитено со барок и прекриено со слоеви пудра, во недостаток на обичен сапун за одржување на елементарната морално-политичка хигиена“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Македонскиот евро-интегративен зен-будизам“.

„За Македонија да стане држава во значењето кое овој поим го има на актуелното цивилизациско ниво од развојот на човештвото, меѓу другото треба:

– министрите да научат да работат со министерствата, а не со неколку свои другарчиња (во моментов најголем број од министрите немаат појма од содржината со која се бави конкретното министерство, немаат искуство во организацијата на работата, не знаат што да прават со вработените, соработуваат со еден-двајца, а најблиски соработници им се вообичаено техничката секретарка и шоферот)…“, пишува Мирјана Најчевска во колумната „Cessante ratione legis cessat ipsa lex“.

„Последната недела, некако во јавноста како да преовладува терминот фотелја, а тој предмет не е ништо повеќе од добро заштитен обичен стол со меки делови за подобра удобност на корисниците. Е, таа удобност стана свет тотем на исполнување на идеалите во нашата држава. Седнувањето е идеал а станувањето од нив е трагедија со епски размери и повеќестрани последици. За да не мудруваме премногу, ќе ви раскажам една приказна за мојот чичко Андреј од Ново Село од која може и по нешто да се научи“, пишува Војо Маневски во колумната „Стоење, седнување, станување“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ