• Latest

Преглед на настани: Самит на Берлинскиот процес во Софија, потпишани декларации за Заеднички регионален пазар и Зелена агенда

November 10, 2020
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Самит на Берлинскиот процес во Софија, потпишани декларации за Заеднички регионален пазар и Зелена агенда

November 10, 2020 17:23
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Земјите од Западен Балкан во Софија потпишаа декларации за Заеднички регионален пазар и Зелена агенда

Лидерите на земјите од Западен Балкан, учесници на денешниот Самит во Софија во рамките на  Берлинскиот процес, денеска ги потпишаа Декларацијата за заедничкиот регионален пазар за подлабоката регионална економска интеграција и за чекор кон единствениот пазар на ЕУ, и Декларацијата за зелената агенда, кои се изработени и усогласени во годината кога со процесот ко-домаќини се Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Во Декларација на лидерите на земјите од Западен Балкан за заедничкиот регионален пазар обединувачката заложба е трансформацијата на регионот во склад со правилата и стандардите на ЕУ, а со цел да се зајакне конкурентноста на регионот за да се приближиме до стандардите на единствениот пазар на ЕУ. За оваа на Самитот во Софија е донесен и Акциски план со конкретни чекори кои на регионалниот пазар ќе му обезбедат да се интегрира во ланците на европскиот и светскиот пазар.

Во поддршка на реализацијата на оваа цел клучна улога има сеопфатниот Економски и инвестициски план за Западен Балкан за проекти во производните сектори и одржливата инфраструктура, како неопходен придонес за да се дефинира заедничката иднина на регионот во ЕУ за просперитет на граѓаните и компаниите, кои се залагаат да ги уживаат истите слободи како компаниите и граѓаните во Европската унија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев: Заедничкото домаќинство на Берлинскиот процес работеше на спроведување на бројни активности насочени кон соработката

Во Софија денеска започна лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, на кој оваа година ко-домаќини се Република Бугарија и Република Северна Македонија.

„За мене, а верувам и за сите нас, ова е доказ дека регионот силно го прифати овој процес за свој. Истовремено, тоа обезбедни извонредна платформа за понатамошно негување на нашите односи. Овој Самит се случува во времиња на пандемија и сите ние се бориме со огромни предизвици за заштита на нашите граѓани и спречување на тешки економски нарушувања. Во такви околности, заедничкото домакинство на Берлинскиот процес во изминатите неколку месеци работеше на спроведување на бројни активности насочени кон одржување енергична соработка во многу области и на остварување на видливи и опипливи резултати“, истакна Заев на прес-конференцијата на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлински процес.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ 

Признанието на Тодоров, бугарскиот пораз и лошиот ракопис од врвот на лудилото

скенира: ЏАБИР ДЕРАЛА

ГОЛЕМИНА И МУДРОСТ Физичката големина и величината се две различни работи, а како што се покажа со последните постапки на Бугарија, знаат да бидат и дијаметрално спротивни. Апсурдното однесување на Софија ѝ пружи одлична шанса на македонската политика уште еднаш да манифестира големина и мудрост.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Германската канцеларка, Ангела Меркел денеска ја поздрави конференцијата на состанокот во Софија, упатувајќи охрабрувачки зборови до премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.

Остануваме посветени на наоѓање решение и работиме заедно како добри соседи посветени на заедничката европска иднина, порачуваат од Владата по денешните средби во Софија.

Во собраниска процедура законски измени за задолжително пензионирање на 64 години.

Работодавачите може да поднесуваат барања за мерката исплата на плати на вработените за октомври.

Стево Пендаровски: Создавањето на Европа обединета во мир е еден од најзначајните политички проекти на нашето време.

Засега нема потреба од воведување полициски час, рестриктивните мерки што се досега донесени се доволни, и ако се почитуваат ќе дадат резулат во следниот период, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Објавената неофицијална дипломатска нота (нон-пејпер) од Берлин ја соголува бугарската меѓународна позиција како сосема неодржлива во авантурата со нивното билатерално вето за македонската ЕУ интеграција. Нервозата кај г-ѓа Захариева, со дополнителни радикални изјави „по темата“, само го потврдува тоа. Од вчера, тој нон-пејпер е пренесен во сите балкански и евро-интегративни дескови во надлежните министерства на земјите-членки на ЕУ. Впечаток е, најблаго речено, дека тоа нема да ѝ помогне на Софија во објаснувањето пред европските партнери на своите тврди антимакедонски позиции“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Види, богати, пристоен некој нон-пејпер“.

„И како единки и како колективитети, ние некаде припаѓаме. Сите без исклучок. Посебно во овој се по глобален свет. И тоа од мали нозе до највозрасни возрасти. Во училишниот клас бевме, а и сега денешниве деца се единки во колективот. Во извидничките, скаутските одреди, во средите училишта и на факултетите,  во  работните ангажирања во компаниите, во спортските клубови и спортските терени и во културно уметничките друштва. И како дел од колективот и се до публика на трибините на спортските терени или на концертите или на татарските престави или на верските обреди во црквите или во џамиите, сеедно. Секој посебно со своите погледи, убедувања, страсти, карактери и во организираниот колектив и во толпата, сепак природно, секој си е свој и единечно посебен“, пишува Зоран Иванов во колумната „Република Северна Македонија – едно општество за сите“. 

А. П. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share53Tweet33Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ